Магдонос – зошто е добар за здравјето?

Било дали свеж или сув, магдонос се користи во многу рецепти. Често го забележуваме како декорација на намази, салати или тестенини. Се употребува и при подготовка на домашни супи и други јадења. Магдоносот го подобрува вкусот на храната, а има и голем број на здравствени придобивки. Еве кои се тие:

Листот од магдонос е одличен извор на витамините А, Ц и К. Целата билка е богата со минералите калиум, магнезиум, калциум, фосфор и железо. Коренот содржи дури 4 пати повеќе витамин Ц од лимонот. Богат е со етерични масла и флавоноиди кои имаат антиоксидансни својства и го штитат организмот од слободни радикали. Магдоносот е растение кое помага во намалување на симптомите на настинка и грип. Се препорачува во исхраната на лица со артритис, реума, гихт и дијабетес.

магдонос 2

Здравствени придобивки од магдоносот

Магдоносот содржи голема количина на витамин Ц кој ја олеснува апсорпцијата на железо и ја поттикнува работата на кардиоваскуларниот систем. Редовниот внес на витамин Ц штити од настинка, грип, воспаление на увото и грлото.

Делува како диуретик кој го опушта дигестивниот систем и ја намалува надуеноста. Магдоносот помага за побрзо излачување на токсините од организмот. Затоа се дава на лица кои страдаат од гихт и артритис. Ги опушта мускулите, намалува иритација на мочниот меур, болка, главоболка и помага при астма.

Магдоносот ги намалува менструалните болки и грчеви. Делува како антисептик на опекотини и рани, а исто така помага и во ублажување на убодите од инсекти. Сокот од магдонос ѝ дава сјај на косата и е добар за забоболка. Џвакањето на свеж магдонос го неутрализира здивот после консумација на лук или кромид.

Како добар извор на фолна киселина, магнезиумот е важен за работата на кардиоваскуларниот систем. Флавоноидот миристицин го неутрализира дејството на штетните компоненти кои влегуваат во телото преку цигарите.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 начини да го извлечете најдоброто од магдоносот и да го подобрите вкусот и изгледот на јадењата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: