Доколку сакате да ги отстраните црнките на лицето и длабински да ги исчистите порите, ви предлагаме да ја пробате оваа едноставна маска од желатин. А, најдобро е што резултатите се видливи веднаш!
Маската од желатин е најдоброто нешто што може да му го поклоните на вашето лице. Оние кои веќе ја пробаа оваа маска, потврдуваат дека е најефикасен начин за отстранување на митесерите и чистење на порите. Покрај тоа, маската од желатин ја подобрува циркулацијата и тенот на лицето, а кожата ја прави мазна, еластична и мека.
Пробајте и уверете се сами!
Пред да започнеме со рецептот, кратко ве предупредуваме дека оваа маска се загрева во микробранова печка, а потоа брзо се нанесува на лицето. Притоа треба да внимавате, маската да не биде многу жешка. За да проверите, нанесете мала количина на раката, а тоа ќе ви помогне да избегнете да не се изгорите. Поради силниот ефект на влечење, не ја нанесувајте маската во близина на веѓите, затоа со оваа маска се прави и депилација доколку е убаво исушена и правилно отстранета.

Состојки:
- 1 лажица желатин
- 1 ½ до 2 лажици млеко.
Подготовка:
- Во сад за микробранова печка ставете го желатинот и додадете го млекото. Измешајте ја смесата.
- Садот ставете го во микробранова печка за време од 10 до 15 секунди. Треба да добиете маска со покремаста структура.
- Измешајте и веднаш нанесете ја маската тенок слој на чисто лице.
- Оставете ја целосно да се исуши за време од 30 минути.
- Потоа излупете ја маската. Додека ја лупите маската, чувството може да биде непријатно, но немојте да ја отстраните со вода. Целта на маската е да се отстранат сите нечистотии на лицето. Маската може да ја нанесувате два пати месечно.