Меласата е густ и темен производ кој се добива при производство на шеќер со цедење на шеќерната трска или репа. Содржи многу минерали и витамини и претставува одлична замена за обичниот шеќер. Во последно време, во светски рамки станува се поактуелна благодарение на нејзиниот хранлив состав. Затоа, направивме мало истражување и ве запознаваме повеќе за меласата, што содржи и како се користи.
Меласата се користи за производство на квасец и етанол, па можеби затоа на прв поглед нема да ви звучи воопшто привлечно. Но, кога ќе прочитате колку е хранлива, сигурни сме дека ќе се предомислите.
Меласата е богата со хранливи материи
Иако, звучи по малку необично, треба да знаете дека меласата е нус производ кој се добива при производството на бел шеќер. Сигурно се запрашавте зошто е тоа така? Сите здрави хранливи состојки кои се отстранети при производството на бел шеќер, влегуваат во состав на меласата. Па така, во белиот шеќер остануваат само јаглехидратите. Меласата и му ја дава кафеавата боја на интегралниот шеќер. Па затоа, колку е потемен, толку е поздрав.
Меласта изобилува со минерали
Меласата содржи железо кое во неа се наоѓа во поголема количина отколку во црвеното месо, а покрај тоа содржи калциум и магнезиум.
Има широка примена во домаќинството
Меласата може да се користи како замена за рафинираните шеќери. Па така, со неа може да се засладуваат разни пијалаци, а може да се додава дури и во колачи.
Совет плус: Во многу рецепти каде е наведено дека треба да се користи меласа, доколку ја немате, истата може да се замени со мед или јаворов сируп, па дури и со кафеав шеќер. Може да се купи од сите подобро снабдени продавници за здрава храна или поголеми маркети.
Ви препорачуваме да прочитате: 6 здрави засладувачи за фит фигура.