6 здрави засладувачи за фит фигура 1

6 здрави засладувачи за фит фигура

Слатката храна не мора повеќе да биде „забранета“, зашто има барем неколку начини да ја постигнеме и зачуваме витката линија. Да го користиме тоа секогаш кога можеме, еве кои здрави засладувачи за фит фигура може да ги вметнеме во секојдневната исхрана!

Топлите денови се тука и секој од нас сака да изгледа најдобро што може во омилените летни фустани, па промената на навиките на исхрана во овој период е веќе почната или се припремаме за тоа. Убавото тело кое сите го посакуваме, подразбира и примена на што повеќе здрави навики, а кога сме тука, шеќерот и сите десерти, сладоледи, се првите кои ни паѓаат на памет. Ве потсетуваме дека не мора да се откажете од уживањето во нив и само треба да знаете дека имаме на располагање избор на здрави засладувачи за фит фигура, кои се добра замена на вкусниот бел шеќер.

6 здрави засладувачи за фит фигура 2

Не секоја прилика е совршена за здрава исхрана и здрав живот, нелогично би било ако речеме дека тоа може да трае бесконечно долго. Но, периодите на детоксикација и одредена рестрикција од обилната исхрана се неопходни за секој од нас. Токму затоа и ги споделуваме овие информации и се надеваме дека ќе ви користат.

Стевиа

Прва и најдобра замена на белиот шеќер која секогаш ни паѓа на памет е незаменливата стевиа. Стевиата е природен засладувач кој може да биде до 100 пати поблаг од обичниот шеќер. Потекнува од Јужно Американскиот континент, од Парагвај и Бразил каде традиционално се користи како засладувач на пијалаци и во чаеви. Обично набавуваме стевиа, која има многу ниска калориска вредност и е стабилна и на температура од 200°C, со што слатките и колачите не го губат слаткиот вкус после печењето. Може да ја употребуваат и лица кои боледуваат од дијабетес, а слаткоста и е во сооднос 1:4, односно 1 грам стевиа, заменува 4 грама шеќер.

Мед

Медот има антибактериски својства и е голем извор на антиоксиданси кои потекнуваат од цветниот полен. Иако темниот мед поседува повеќе антиоксиданси од светлиот мед, треба да знаете дека степенот на слаткост е нешто помал од светлиот. Кога сме кај засладувањето со мед, има важна информација која треба да ја знаете. Секога трудете се температурата на напитокот да биде максимално до 40 степени, затоа што медот ќе изгуби голем дел од своите хранливи својства. Пример, ако сварите какао и сакате да го засладите со мед, се препорачува прво да го измешате со млеко, а потоа да додадете мед. Ако не сакате да додавате млеко, повторно би ви посочиле да си го засладите какаото со стевиа, затоа што таа не претрпува промени од температурата.

Јаворов сируп

Тука не се мисли на оној флаширан сируп од маркети, туку на вистински јаворов сируп кој настанува од изварување на билниот сок од јавор. Иако често се користи како прелив за палачинки, може да се користи и како засладувач за јогурт, чај или домашен сладолед. Содржи мали количини калциум, цинк и рибофлавин.

Меласа

Меласа е она што останува по рафинирањето на шеќерната трска и нејзино претворање во шеќер. Таа е засладувач со најмногу хранливи состојки. Го обезбедува организмот со големи количини на калциум, железо, магнезиум, калиум и витамин Б6, што значи е слатка и здрава.

Урми

Урмите се многу слатко овошје со чија помош можете да го засладите вашето јадење, а исто така да направите супер десерти, бомбици, пудинзи или протеински плочки. Покрај тоа што се слатки, урмите ги содржат витамините Б6 и А, калиум и магнезиум.

Маџун

Маџунот уште се нарекува гроздов слад. Тој се добива со изварување на гроздовиот сок (шира), исцеден од претходно мелено грозје. Овој засладувач изобилува со гроздов и овошен шеќер, како и разни витамини (Б1, Б2, Б3, Б6, А, Ц, Д) и минерали (калиум, калциум, натриум,  фосфор, железо), танини, антиоксиданси, органски киселини и флавоноиди.

Ви препорачуваме да прочитате: Стевиа – безкалорична природна алтернатива за белиот шеќер.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: