Морков – супер храна која го помага слабеењето

Морковот е еден од најздравите зеленчуци со многу корисни и лековити својства за здравјето. Потекнува од Авганистан, а како храна се користи преку целата година насекаде во светот.  

Во народот е познат како природен лек, затоа што ја зголемува природната одбрамбена отпорност на организмот, помага при реума, шеќерна болест, кашлица, бронхитис и грип.

Морковот претставува храна која изобилува со хранливи состојки и се препорачува да се користи во диеталната исхрана и во исхраната кај децата. Овој коренест зеленчук е богат со бета каротен, а освен за видот, одличен е за детоксикација и намалување на телесната тежина, затоа што содржи големи количини на растителни влакна и витамин А. Во 100 грама моркови има 41 калорија, 3 грама растителни влакна и 1 грам протеини. Морковот е богат извор на витаминот А, Ц и витамините од групата Б, а од минералните материи најповеќе содржи калиум и манган.

морков

Морковот е одличен извор на пектин, кој влијае за намалување на апетитот за месо и мрсна храна. Богат е со фолна киселина која е важна за производството на хормони кои го помагаат слабеењето.

Во исхраната може да се користи свеж морков припремен како салата, а варен или кратко обарен може да се употреби во супи, чорби и други јадења.

Најдобро e да се консумира во свежа состојба, неколку пати во текот на неделата. За да припремите салата, изрендајте 1 голем морков, додадете малку маслиново масло и јаболкова киселина. Покрај салатата, многу е здрав свежиот сок од морков, кој може да се консумира сам или во комбинација со друг сок.

Сподели: