црвено грло природни лекови

Наместо антибиотици користете природни лекови за црвено грло

Болката проследена со црвено грло, кашлање и отежнато голтање е знак дека постои инфекција на грлото. Овие воспаленија може да бидат предизвикани од вируси, бактерии, а поретко од габички. Според времетраењето, воспалението на грлото може да биде акутно и хронично.

Најчести причинители за појава на црвено грло се риновирусите, а бактериите се чест придружник на вирусот. При бактериска инфекција речиси секогаш постои воспаление и на крајниците. Кога состојбата се влошува, а болката станува се посилна и значително изразена при голтање, телесната температура е повисока од 38,5 Целзиусови степени, се јавува општа слабост, главоболка, болка во стомакот, гадење и повраќање, тоа укажува на акутна бактериска инфекција. Во овој случај ви препорачуваме задолжително и што поскоро да го посетите вашиот лекар.

црвено грло

Како да направите разлика меѓу вирусно и бактериско воспаление на грлото?

Најчести симптоми при вирусна инфекција на грлото се:

  • затнат нос со бистар секрет
  • гребење и суво грлото
  • сува кашлица
  • болка што не е со силен интензитет, но се зголемува при голтање
  • телесната температура најчесто не се зголемува над 38 Целзиусови степени.

Кога станува збор за бактериска инфекција, може да се јават следните симптоми:

  • воспаление на крајниците
  • изразена болка при голтање
  • општа слабост
  • главоболка
  • болки во стомакот
  • гадење и повраќање
  • телесната температура над 38 Целзиусови степени.

Природни лекови кои може да ви помогнат штом ги забележите првите симптоми на болка во грлото

Ако почувстувате мала болка во грлото и немате други симптоми, веднаш побарајте помош во природните лекови. Може да направите домашни бонбони против болка во грлото и настинка или да го пробате овој ефикасен сируп од мед при настинки и болки во грлото. Покрај тоа, вклучете ги 3-те најдобри чаеви кои го зајакнуваат имунитетот, а во исхраната нека бидат застапени овие 5 природни антибиотици од кујната.

Ако симптомите се поизразени, напијте се ефикасен домашен чај од ѓумбир за настинка и грип, а овие 9 намирници веднаш вклучете ги во менито. Штом се појава кашлица, направете:

Голем избор на лесно достапни и природни лекови, нели?

Ви препорачуваме да прочитате: Направете лек со мед и ореви за зајакнување на имунитетот.

Сподели: