Направете држач за мобилен телефон од пластично шише

Сигурно и вам ви се случило да сакате да го наполнете телефонот, а кабелот да е многу мал. Па, мора да го оставите телефонот на земја, а знаеме дека не е баш сигурно, затоа што во секој момент може некој да не го забележи и стапне. Сега имаме решение за овој голем проблем со кој се соочуваат многумина. Многу лесно и едноставно може да направите држач за мобилен телефон од пластично шише.

Држач за мобилен телефон од пластично шише

Ако дома ви се наоѓа пластично шише, веќе може да започнете со креирање на овој „направи сам“ проект. А од дополнителната опрема ви требаат само маркер и ножици.

Шишето добро измијте го, исушете го и отстранете ја етикетата. Со помош на маркерот исцртајте линија каде што треба да го отсечете шишето. Најважно е газерот да го оставите целосен, затоа што таму треба да биде поставен телефонот.

За да добиете совршен држач за мобилен телефон, најдобро е да ги следите инструкциите на видеото при цртањето на линијата. Потоа со помош на ножици исечете го шишето. Во горниот дел на шишето исцртајте квадрат и исечете го.

Пред да го ставите полначот во штекерот поставете го направениот држач. Потоа телефонот ставете го во држачот и оставете го да се полни. Лесно, креативно и практично решение!

Совет плус: Ако имате време и по природа сте креативни, држачот може да го обоите со темпери, спреј или да го обложите со тенка ткаенина.

Ви предлагаме да прочитате: Претворете ги пластичните шишиња во висечка градина.

Сподели: