Лесно направете декоративно шише со салфетки и леќа 1

Лесно направете декоративно шише со салфетки и леќа

Понекогаш за да се создаде уметност потребно e многу малку. Всушност сѐ што ви е потребно е креативност, фантазија, слободно време, стари непотребни предмети, малку лепило и боја. Ви претставуваме една техника со чија помош може да создадете вистински уметнички ремек дела и повторно да им го вратите животот на бескорисните предмети. Препуштете се на вашата фантазија и направете декоративно шише кое ќе го краси вашиот дом!  

Наместо шише може да искористите тегла или некој друг стаклен предмет. Процесот на изработка е повеќе од едноставен и истиот е прикажан на следново видео. На вас останува само да ги следите чекорите кои детално се прикажани во видеото и да направите вистинско уметничко дело.

Потребни материјали:

  • стаклено шише со тапа
  • салфетки
  • лепило
  • голема четка
  • молив
  • леќа
  • ножици
  • влажна памучна крпа
  • црна акрилна боја
  • сребрена акрилна боја
  • четка за сликање
  • акрилен лак.

Начин на изработка:

  1. Салфетката искинете на неколку помали парчиња и благо стуткајте ја.
  2. Потоа, залепете ги парчињата салфетка врз шишето така што од лепилото ќе нанесувате врз салфетката со четка.
  3. Врз вака обложеното шише со молив нацртајте некоја фигура по ваша желба.
  4. Потоа, нацртаната фигура обложете ја со лепило и залепете ја со зрна леќа.
  5. Со помош на ножица, една подебела салфетка исечете ја на ленти со ширина од 2 см.
  6. Секоја од лентите натопете ја врз влажна памучна крпа и со помош на прсти обликувајте ја во вид на конец.
  7. Вака подготвената салфетка залепете ја со лепило помеѓу секој ред леќа. Постапката повторувајте ја додека ја добиете посакуваната фигура.
  8. Тапата на шишето премачкате ја со лепило и излепете ја со зрна леќа, исто така. Оставете ја кратко да се исуши, па затворете го шишето со неа.
  9. Потоа, врз украсеното шише со помош на подебела четка нанесете црна акрилна боја.
  10. Врз црната боја со помала четка за сликање внимателно нанесете сребрена акрилна боја, притоа внимавајте да не ја прекриете целосно црната боја.
  11. Оставете го шишето да се исуши, па излакирајте го со акрилен лак. Тоа е целата постапка и вашето декоративно шише е спремно да ви го краси домот.
Лесно направете декоративно шише со салфетки и леќа 2

Ви препорачуваме да прочитате:  Декоративен украс од пластично шише.

Сподели: