Време е за забава и декорации! А зошто да давате пари на скапи украси кога може да си направите елегантен украс од пластично шише за кратко време?
Сигурно дома имате пластични шишиња кои планирате да ги фрлите. Меѓутоа овој пат пробајте да ги искористите за да создадете едно интересно креативно дело.
Како да направите декоративен украс од пластично шише?
Искористете ја вашата креативност и разубавете го домот. Пребарувајќи низ интернет пронајдовме интересна идеја за декоративен украс од пластично шише кој изгледа многу убаво, па ја споделуваме со сите. Притоа, може да експериментирате. Одберете шише во сина боја, а покрај топчињата поставете бисери, камчиња или школки. Така ќе направите летен украс за вашиот дом.
Потребни ви се:
- 1 пластично шише
- топчиња од стиропор
- ножица.
Прво, направете дупка во долниот дел на шишето како што е прикажано на видеото. Потоа, со помош на скалпел или ножици исечете го долниот дел на шишето.
Отворете го капачето и горниот дел поставете го во отворот кој го направивте. Потоа капачето затворете го. Следете ги инструкциите на видеото.
Со помош на ножица од горниот дел на шишето исечете тенки ленти со ширина од 2 до 4 мм. Потоа извиткајте ги лентите.
Врз секоја лента ставете по едно топче стиропор. Со ова вашиот украс од пластично шише е готов.
Ви предлагаме да прочитате: Декоративна ламба од пластични лажици.