podloga od kamcinja

Направете уникатна подлога од камчиња за жешки тенџериња

Брзо и лесно направете си уникатна подлога од камчиња на која може да ги оставате жешките тави и тенџериња. Потребни ви се само 10-тина минути, па ајде да започнеме!

Сигурно многупати сте биле во ситуација да треба да го ставите тенџерето со супа или чорба врз масата, а тоа да е многу жешко. Во тој момент посакувате да имате подлога која убаво изгледа, а воедно ќе го заштити стаклото или масата од големата топлина. Драги наши креативци сигурно собравте камчиња од летниот одмор или веќе имате дома. Искористите ги мудро и направете си уникатна подлога. За најдобар резултат погледнете го видеото и следете ги инструкциите.

 

Потребни ви се:

  • чоја
  • мазни камчиња
  • кружен предмет (тава, големо тенџере и слично)
  • ножица
  • маркер
  • силиконски пиштол.

Начин на изработка:

  1. Врз парчето чоја ставете го кружниот предмет. Може да користите некоја голема тава или тенџере.
  2. Со помош на маркер исцртајте кружна форма врз чојата. Потоа исечете со помош на ножица.
  3. Врз подлогата наредете камчиња за да се пополни цел простор, но без да ги лепите.
  4. Потоа земајте камче по камче и со помош на сликионскиот пиштол лепете ги врз чојата. Штом завршите со лепење на сите камчиња, вашата подлога за жешки тави и тенџериња е готова.

Ви предлагаме да прочитате: Едноставно и брзо исчистeте ги загорените тави и тенџериња.

Сподели: