kamcinja vo bubrezi limon limeta 1

Проблемот со камчиња во бубрезите има решение

Камењата во бубрезите се мали цврсти кристали, кои се формираат од супстанциите во урината. Поголемиот дел од нив поминуваат преку системот и ги исфрламе без лекарска помош. Но често пати, се случува, да се наголемат и поради тоа да ги блокираат уринарните патишта и протокот на урината, што предизвикува неудобност, болка и можност за инфекции. Многумина од нашата околина се соочуваат со овој проблем, затоа истраживме и ви потврдуваме дека проблемот со камчиња во бубрезите има решение.

Нормално, ниту едно решение нема да функционира само за себе. Туку треба да направиме барем неколку мали промени во начинот на живот и да се ослободиме од нив. Се надеваме дека нашите неколку совети ќе помогнат за вие или вашите блиски, да имате поквалитетен живот, па да започнеме.

kamcinja vo bubrezi limon limeta 2

Како да знаете дали треба да побарате лекарска помош?

Можни знаци кои упатуваат на потреба од лекарска помош за оваа состојба се болка во долниот дел на грбот и половината која не поминува, повраќање, крв во урината, урина која е заматена, урина која има изразен мирис и чувство на печење за време на мокрењето.

Какви типови на камчиња во бубрезите постојат?

Постојат неколку типови на камчиња во бубрезите, а нивното формирање во најголема мера се должи на комбинација од калциум и оксалати (во народот попознати како песок). Овој тип на камчиња се најзастапени кај лица и посебно кај мажите на возраст од 20-30 години.

Како може да се превенираат и третираат на природен начин?

Редуцирајте ја солта во исхраната. Прво и најважно правило би било да намалите со консумацијата на сол, затоа што натриумот на некој начин го предизвикува таложењето на калциумот и придонесува за формирање на камчиња.

Пијте доволни количини на вода. Ако редовно пиете по 6-8 чаши вода дневно, многу е помала веројатноста дека ќе имате проблем со камчиња или песок. Доволната количина на вода ја разредува урината и ја намалува можноста од проблеми со уринарните патишта.

Јадете поголема количина на овошје и зеленчук. Повеќето овошја и зеленчуци содржат растителни влакна, калиум, магнезиум, антиоксиданси и цитрати кои се важни за превенција на камчиња во бубрезите.

Одржувајте здрава телесна тежина. Бројни студии покажуваат дека постои врска помеѓу покачена телесна тежина и формирање на уринарни камчиња.

Ограничете ја консумацијата на животински протеини. Преголема количина на црвено месо во исхраната доведува до зголемување на мокрачната киселина во организмот, што доведува до формирање на камења.

Ограничете ја консумацијата на намирници богати со оксалати. За да ја намалите можноста од појава на камења во бубрезите, некои намирници е потребно да се консумираат внимателно и умерено. Такви се чоколадото, зелените лиснати зеленчуци како спанаќот, јаткастите плодови, соиното млеко, цвеклото, јаготките, кељот и слично.

Што друго може да се направи?

Цитратите се силен сојузник на здравјето во овој случај и во голема мера помагаат да се спречи формирањето на камчињата во бубрезите.

Една студија спроведена точно за оваа намена, покажала дека додавањето на цитратна киселина во исхраната, може да го намали ризикот од развој на камчиња во бубрезите. Било утврдено дека најмалку 60% од пациентите кај кои се создале камења во бубрезите, имале ниско ниво на цитрати во организмот. Што значи, редовна употреба на цитратната киселина може да помогне во кршењето и спречување на камчињата на бубрезите. Од хранливите намирници најмногу ја има во лимоните и зелените лимони (лимета). Оттука, како превентивна препорака може да ви препорачаме да консумирате секојдневно свежо цеден сок од половина до еден лимон секојдневно. Ако имате чувствителен желудник, тоа може да биде во вид на незасладена лимонада. А, ако сакате плус да го подобрите метаболизмот, пијте ја наутро, со млака вода, пред да изедете било што друго.

Цитратите ги има и во форма на суплементи

Како и за било кој суплемент, важно е неговото потекло и гаранцијата која ја добиваме за неговиот квалитет. Ние веруваме баш во корисното и полезно дејство на Magnesium Citrate од Now Foods. Тој е вегетаријански и вегански производ, без ГМО и со кошер сертификат. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. И покрај неговото корисно дејство, доколку сакате да го земате, задолжително консултирајте се со својот лекар. По отворањето чувајте го на ладно и суво место. А, доколку сакате да го купите, може да го побарате во сите поголеми аптеки низ државата, да ја посетите онлајн продавницата на Тримекс или да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

magnezium citrat kamcinja vo bubrezi

Ви препорачуваме да прочитате: 5 водечки причинители за појава на хиперактивен мочен меур.

*Спонзориран текст.

Сподели: