Според фондацијата за урологија на САД, непријатната појава на хиперактивен мочен меур (ХАММ) влијае на животот на повеќе од 30 милиони Американци. Многу слична е и состојбата на нашиот континент. Па, да видиме кои се 5-те водечки причинители за хиперактивен мочен меур кај населението во глобални рамки.
Според резултатите од фондацијата за урологија на САД, се смета дека бројот на лицата, би бил многу поголем кога би се зеле во предвид и лицата кои повремено ги доживуваат симптомите, како и оние кои се недијагностицирани. Во таков случај, тој број веројатно би достигнал до 30% од мажите и 40% од жените.
А пред да ги разглобиме подетално најчестите причинители за појава на хиперактивен мочен меур, ви предлагаме и дополнително да се информирате и да ја прочитате подетално следнава тема: Откривање и превенција: Како да препознаете дали имате преактивен мочен меур и какви мерки да преземете?

Дијабетес или пред дијабетес
Постојаното мокрење е еден од симптомите на дијабетес тип 1 и тип 2. Тоа е така, затоа што при ова заболување бубрезите на дијабетичарите мора да работат понапорно за да го „протераат“ шеќерот од крвта. Така, бубрезите мора понапорно да работат и да произведуваат поголема количина на урина, што секако значи и почеста посета на тоалетот.
Предолго задржување на урината во мочниот меур
Многу лица имаат лоша навика предолго да ја задржуваат урината во себе. Пречестото стискање на мускулите на мочниот меур може да доведе до влошување на состојбата со ХАММ.
Може да ве интересира: Д-р Нела советува: Уринарните инфекции се честа појава во летниот период.
Користење на диуретици
Диуретиците често се препишуваат за лекување на висок крвен притисок и срцева слабост. Иако се корисни, тие впиваат дополнително ниво на вода и сол од телото и се исфрлаат во вид на урина. Тоа може да биде причина за почеста потреба за мокрење.
Когнитивни нарушувања
Со стареењето старее и мозокот и неговите активности. Како резултат на тоа, може да настанат одредени нарушувања во уринарниот тракт, бидејќи потешко ги интерпретира сигналите од нервниот систем. Tоа може да предизвика ХАММ. Когнитивниот пад може да биде симптом на мултиплекс склероза или пак последица од преживеан мозочен удар.
Менопауза
Менопаузата влијае врз хормоналниот статус на една жена, особено врз естрогенот. Овој хормон може значително да се намали за време на менопауза, што може да доведе до ослабување на мускулите на мочниот меур. Ваквата слабост може да предизвика неконтролирано истекување на урината, состојба која е уште позната како инконтиненција.
Но, што би правеле со знаењето за причинителите, ако не спомнеме нешто што помага?
Истражуваме и откривме дека ако во исхраната додадеме и неколку додатоци како што е L-Carnosine од Now Foods, на организмот ќе му помогнеме така што ќе го поддржиме стареењето на здрав начин. Овој додаток помага за зачувување на виталноста на мускулите, а мочниот меур е еден од нив. Корисен е за зачувување на клеточниот интегритет и елиминирање на слободните радикали. Тоа ни кажува дека е корисен за зачувување на невромускулните функции, што е важно за спречување и регулирање на појавата на хиперактивен мочен меур.

Кога станува збор за машкото здравје има уште нешто што е корисно и помага, а тоа се Saw Palmetto Berries. Исто така се производство на Now Foods, што е гаранција за квалитетот, а посебно се корисни при проблеми со простатата и болно мокрење.
Повеќе за L-Carnosine и Saw Palmetto Berries може да прочитате од онлајн продавницата на Тримекс, од каде што исто така може да ги набавите. Доколку сакате, може да ги нарачате и директно на вашата адреса преку телефонскиот број +389 (2) 32 46 000, или пак да ги набавите од сите поголеми аптеки. А секако доколку имате прашање во врска со користењето може да ни пишете на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела за подетален одговор.

За крај, ви посочуваме да се навратите на погоре спомнатиот текст, каде што може да најдете препораки со помош за превенција и справување со состојбата на ХАММ, како што се вежби, храна и други природни додатоци.
Совет плус: Ние истражуваме со цел да ви помогнеме да имате поквалитетен живот, препорачуваме и советуваме, а во секој случај, пред да правите нешто на своја рака, задолжително советувајте се со својот лекар.
Ви препорачуваме да прочитате: Омега масни киселини за здраво срце и силен имунитет.
*Комерцијален текст.