чистење на загорени тави

Како да ги исчистите тавите за печење за 5 минути?

Со текот на користењето врз тавите за печење се наталожува нечистотија која тешко може да се отстрани. А мислите ли дека темелното чистење на валканите тави за печење е макотрпна работа?

Не, постои лесно и брзо решение. Наместо да купувате неефикасни хемиски средства, сега ќе може лесно да ги исчистите тавите на едноставен начин. Плус тоа, со примена на овој совет за чистење на тавите ќе заштедите време и пари, а нечистите садови ќе бидат минато.

чистење на тави за печење

Чистење на валканите тави за 5 минути

Еве што ви е потребно за да ги исчистите тавите:

  • Сода бикарбона
  • Алуминиумска фолија
  • Кујнска хартија
  • Вода за да направите паста.

Штом ги имате сите состојки за чистење на валканите тави, следете ги инструкциите:

  1. Тавите попрскајте ги со сода бикарбона.
  2. Кујнска хартија изводенете ја.
  3. Со помош на хартијата, добро разнесете ја содата насекаде по површината.
  4. Алуминиумската фолија стуткајте ја во топка и со неа добро истријте ги дамките.
  5. Тавата измијте ја со детергент за миење на садови и вода, а потоа повторете ја постапката доколку е потребно.

Совет плус: Овој начин на чистење со сода бикарбона и алуминиумска фолија немојте да го применувате на нелепливи тави и калапи за печење.

Чисто и брзо без хемикалии!

Ви предлагаме да прочитате: Едноставно и брзо исчистeте ги загорените тави и тенџериња.

Сподели: