Направете природен лек кој помага при уринарни инфекции

Ако некогаш сте имале инфекција на уринараниот тракт, тогаш сигурно знаете како е болно и непријатно. Постојано имате чувство да одите во тоалет, а мокрењето е многу болно. Но, за среќа постојат природни решенија кои се многу ефикасни при уринарни инфекции. 

Денес ќе ви претставиме одлично природно средство кое ќе ви помогне брзо и ефикасно да се ослободите од инфекцијата на уринарниот трак. Овој природен антибиотик е многу делотворен и ги олеснува симптомите.

лек за уринарни инфекции

Природен лек кој помага при уринарни инфекции

Еве како може да направите природно средство против инфекции на уринарниот тракт.

Потребни ви се:

  • 200 мл маслиново масло
  • 250 грама мед
  • 250 грама лимони
  • 250 грама корен од магдонос.

Подготовка и начин на користење:

  1. Кореното од магдонос и лимоните ситно исечакајте ги.
  2. Во блендер ставете ги маслиновото масло, медот, ситно сечканите лимони и коренот од магдонос. Миксирајте додека се добие хомогена смеса.
  3. Природниот лек чувајте го во стаклена тегла во фрижидер.
  4. Секое утро земајте по една супена лажица.

Совет плус: Добро би било да набавите мед од кај познат пчелар, а лимоните да бидат непрскани. Доколку пак ги купите од продавница, ставете ги во ладна вода во која сте додале малку сода бикрабона. После тоа добро измијте ги. Коренот од магдонос исто така треба да биде добро измиен.

При уринарни инфекции пожелно е да пиете чај од магдонос. Тој делува како диуретик, а освен што овој напиток е освежувачки, го забрзува и процесот на оздравување. За да ги ублажите или спречите уринарните инфекции, потребно е да пиете чај од магдонос.

Ви предлагаме да прочитате: 8 здравствени причини да се напиете чај од магдонос.

Сподели: