Овој пријатен и топол напиток е исклучително корисен за организмот. Она што посебно би го интересирало секој од нас е способноста на здравото златно млеко за опоравување на половината, како главна придобивка, а исто така и влијае поволно дејство врз подвижноста на зглобовите и целокупното здравје. Прочитајте како може да го направите и за што се ќе му помогне на организмот!
Златното млеко делува како „подмачкувач“ и помага за повторно воспоставување на кичмената флексибилност и намалување на крутоста при движењето. Корисно е за хематопоезата (формирањето на крвните клетки), за здравјето на дебелото црево, нервниот систем и коскеното ткиво.

Претставува природен лек кој е многу користен во руската алтернативна медицина, а популарен е и помеѓу конвенционалните лекари. За златното млеко често можете да слушнете дека е чудесен напиток кој ја продолжува младоста и го нормализира варењето. Има поволно дејство врз црниот дроб, а посебно му помага за отстранувањето на токсините од организмот, го подобрува тенот и обезбедува долговечност. Помага при артритис и артроза, затоа што златното млеко ја подобрува подвижноста на зглобовите.
Рецепт за златно млеко за опоравување на половината и подобра подвижност на зглобовите
Се прави во неколку чекори. Прво направете ја пастата од куркума.
Состојки за паста од куркума:
- 40 гр куркума во прав
- 100-150 мл вода.
Подготовка на пастата од куркума:
Куркумата измешајте ја со водата и ставете ја во сад на оган. Промешајте и оставете ја да зоврие, а потоа варете ја така околу 8 минути, додека содржината се згусне. За тоа време постојано мешајте. Ако мешавината е прегуста, додајте уште малку вода. Готовата паста треба да има конзистенција како кисело млеко.
Потоа, подгответе си го топлиот напиток за добро здравје.
Состојки за подготовка на златно млеко:
- 250 мл млеко
- 2 лажици (околу 40 мл) нерафинирано бадемово масло
- природен мед по вкус
- 1 лажичка паста од куркума.
Подготовка на златното млеко:
- Млекото проварете го и во него додајте го бадемово масло (може и да го замените со друго нерафинирано).
- Тргнете го садот од оган и турете го млекото во шолја, па додајте од претходно припремената паста од куркума.
- Засладете по вкус и убаво измешајте.
Начин на употреба на златното млеко:
Пастата од куркума можете да ја припремите во поголема количина и да ја користите во текот на 40 дена, колку што е времетраењето на третманот. За да ја зачувате исправна, неколку лажички од пастата оставете ги во затворен сад во фрижидер и оваа количина искористете ја во наредните денови. Остатокот замрзнете го и користете го по потреба.
Рецептот за подготовка го имате погоре. Златното млеко се пие наутро на празен желудник и навечер пред спиење. Се пие 40 дена, но само 2 пати годишно.
Забелешка: Оние кои имаат проблеми со жолчната ќеса, не се препорачува да го пијат златното млеко, бидејќи куркумата има диуретичен ефект.
Ви препорачуваме да прочитате: Природна паста против акни и лузни од куркума и босилек.