Може со нив да ја накитите елката, а може и да ви послужат како декорација преку целата година ако сакате дома да имате нешто што ќе ве потсетува на зимата и празниците. Но, најубавото кај овие снежни топки е тоа што можете сами да си ги направите.
Постапката за изработка на снежните лампиони е едноставна и истата е прикажана и на видеото. На вас останува само да ги следите инструкциите и да го разубавите својот дом со овие интересни и светкави снежни топки.

Потребни материјали:
- 1 пакување мали балони
- конец за плетење
- течен лепак
- светки во прав.
Начин на изработка:
- Најпрво треба да ги надувате балоните до посакуваната големина на снежните топки.
- Потоа, едниот крај на конецот врзете го околу врвот на балонот.
- Откако ќе го врзите конецот, целиот балон намотајте го со него, но така што ќе бидат видливи дупки помеѓу намотките од конец.
- Во еден сад турете мала количина на лепак и разредете го со малку вода.
- Во вака подготвениот лепак ставете го балонот, така што цел конец ќе биде потопен во лепакот.
- Откако ќе го извадите балонот од лепакот, посипете го со светките во прав, за снежната топка да добие светликав магичен сјај.
- На крај, треба да бидете стрпливи, бидејќи на снежната топка и се потребни околу 24 часа за да се исуши.
- Отакако ќе се осигурате дека вашата снежна топка е потполно сува, едноставно рушете го балонот и извлечете го од неа.
- На топката закачете кукичка за лампиони или едноставно врзете конец и снежниот украс е спремен да ја краси вашата елка.
Ако сакате, може да погледнете и видео од изработката:
Ви препорачуваме да прочитате: Направете празнична тегла со снежна топка.