Новогодишни чоколадни шишарки со 4 состојки

Новогодишни чоколадни шишарки со 4 состојки

„Ова е најубавиот период од годината! Празнични јадења, сијалички, лампиони и радост во секој дом. Да ја дочекаме Новата година со нови десерти и креации на трпезата. Со љубов ги припремив новогодишните чоколадни шишарки со 4 состојки кои верувам дека ќе ве освојат, а за да ве мотивирам да ги направите, ви снимив и кратко видео од подготовката. Идејата ми ја даде мојата пријателка Ленче, која го сподели нејзиниот рецепт во групата Сѐ за храна. Така и јас се приклучувам кон овој празничен предизвик со подготовка на чоколадните шишарки.  

Набавете ги состојките и поканете ги децата во новогодишната слатка авантура. Направете ги шишарките, уживајте и внесете ја празничната магија во својот дом.“ – вели Марија од нашиот тим.

шишарки колачи

Состојки:

  • 100 мл вода
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 50 г чоколадо
  • 120 г мелени бисквити
  • 50 г житарки за декорација на шишарките.

 

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете ги водата и шеќерот. Штом шеќерот се растопи додајте го чоколадото искршено на коцки. Измешајте за да се растопи чоколадото.
  2. Во тенџерето додајте ги бисквитите и тргнете го од огнот.
  3. Измешајте ја смесата добро, оставете ја кратко да се излади и формирајте конуси.
  4. Врз секое колаче ставајте од житарките за да добиете изглед на шишарки. На крај наросете ги со шеќер во прав и уживајте. Подготовката погледнете ја на видеото:

Совети плус:

  • Доколку чоколадната смеса ви е многу тврда, додајте уште малку вода.
  • Шишарките оставете ги да се изладат 2-3 часа, а потоа послужете ги.
  • Ако сакаш да приготвиш празнична трпеза и ти требаат идеи и испробани рецепти посети ги моите профили на Instagram – @kocovska.marija и Facebook и заследиме. Празничната магија и рецепти само што започнаа!

Автор на рецепот и фотографиите: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви предлагаме да прочитате: Брза чоколадна салама за 10 минути.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: