брза чоколадна салама

Брза чоколадна салама за 10 минути

Искористете го слободното време да бидете со најблиските, наместо да го поминувате во кујната и со часови да приготвувате различни јадења. Празничната трпеза збогатете ја со чоколадна салама која може да ја направите за 10-тина минути.

Рецептот го направи Марија од нашиот тим и топло ви го препорачуваме да го пробате за време на празниците. Подготовката е едноставна и ги повикуваме дури и оние неискусните во кујната, да се охрабрат и да го пробаат овој рецепт. Богатиот вкус на чоколадо, аромата на ванила и желе бонбоните ја надополнуваат слатката магија.

брза чоколадна салама

Состојки:

Подготовка:

  1. Водата, шеќерот и ванилиниот шеќер ставете ги во тенџере на оган. Повремено мешајте ги за да се растопи шеќерот.
  2. Штом шербетот ќе зоврие тенџерето тргнете го и додајте 100 грама Синтагма претходно искршена на коцки. Мешајте за да се растопи чоколадото.
  3. Во тенџерето додајте ги мелените бисквити и сечканите желе бонбони. Измешајте за да се добие хомогена смеса.
  4. Врз најлонска фолија ставете ја смесата. Обликувајте ја во форма на салама. Чоколадната салама ставате ја во фрижидер за време од 1 час. Извадете ја од фолијата, поросете ја со шеќер во прав и исечете колачи. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
брза чоколадна салама

Совет плус:

  • Ако сакаш да приготвиш празнична трпеза и ти требаат идеи и испробани рецепти посети го мојот профил на Instagram – @kocovska.marija или Facebook и заследиме. Празничната магија и рецепти само што започнаа!

Автор на рецепот и фотографиите: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви препорачуваме да прочитате: Празнични бомбици со бело чоколадо и лешници.

*Комерцијален рецепт.

Сподели: