направете чили масло за 10 минути 1

Направете чили масло за 10 минути

Едноставен спој од сушени чили пиперки и масло! Вкусното чили масло стана прилично популарно, затоа што со него лесно и брзо можете да додадете малку  „оган“ во своето јадење. Обично се користи како завршен додаток на рижото, тестенини, морска храна, но исто така добро е за шпагети или сосови.

Многу е лесно да се направи, но на почетокот треба да знаете неколку работи. Свежото масло од чили ќе биде поблаго на почеток, но со текот на времето, ќе станува сè полуто. Затоа мора да го пробате пред да го користите.

направете чили масло за 10 минути 2

Каков вид на масло ќе добиете зависи од пиперките кои ќе ги изберите. Консултирајте се со продавачот од каде ќе ги купите. Тој нека ви препорача добри пиперки. Можете да изберете масло од кикиритки илидруго растително масло, бидејќи се неутрални. Но, доколку планирате да го користите маслото за завршен додаток на јадењата изберете висококвалитетно масло како ладно цедено маслиново или сончогледово.

Ако одлучите да го направите овој додаток со масло од сусам мора да знаете дека совршено се вклопува во салатите. При правење на ова масло потребно е да ги изложите пиперките на доволно висока температура за да го испуштат нивниот вкус, но треба да се внимава да не почнат да се пржат или да не изгорат. Во тој случај тоа не е добро за повторно користење.

Состојки:

  • 1 шолја растително масло (по ваша желба)
  • 2 лажици чили пиперки на ситни парчиња
  • 2 до 3 цели црвени чили пиперчиња.

Подготовка:

  1. Се загреваат 2 лажици масло во тава на средна температура.
  2. Се додаваат парчињата чили пиперки и целите пиперчиња.
  3. Се динстаат и мешаат околу две минути. Внимавајте да не почнат да ја менуваат бојата кон жолто. Доколку дојде до тоа не сте ги тргнале на време од огнот и ќе морате одново да ја повторите постапката.
  4. Додадете го остатокот од маслото во тавата и почекајте малку да се загрее, но не премногу. Повторно внимавајте пиперките да не ја сменат бојата.
  5. Тргнете ги од ринглата и оставете го чили маслото да се излади на собна температура. Ладното чили масло е спремно за употреба.

Ви препорачуваме да прочитате: Мексиканско вегeтаријанско чили со грав.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: