Настан - CoQ10 повеќе од енергија, повеќе од суплемент

Настан ,,CoQ10 повеќе од енергија, повеќе од суплемент“

Во организација на Тримекс, во саботата на 02.11.2019 година се одржа акредитираниот настан „CoQ10 повеќе од енергија, повеќе од суплемент“. Истиот се одржа во Белведере, Битола, а учествуваа повеќе од 40 доктори од охридско-битолскиот регион.

Свое излагање на темата имаа Д-р Васко Хаџиев, специјалист по интерна медицина кој говореше за важен коензим за здравјето, на тема „CoQ10 повеќе од енергија, повеќе од суплемент“ и Д-р Нела Деспотовска која говореше за важноста на додатоците во исхраната,  нивен правилен избор и примена, за постигнување на оптимално здравје кај пациентите. Д-р Хаџиев ги објасни улогите, формите, присуството во органите, надворешните извори на CoQ10. Посебен осврт даде за оксидативниот стрес и срцевата слабост, антиоксидативната улога на CoQ10, Q Symbio студијата која го потврди неговото централно место во примарна и секундарна превенција на кардиоваскуларни заболувања (срцева слабост).

Тримекс

По завршувањето на излагањата на предавачите, следуваше и дискусија на која присутните поставуваа прашања. Настанот беше акредитиран од Лекарската комора на РМ.

Упатуваме честитки до Тримекс за успешниот настан и се заблагодаруваме за поканата!

Може да ве интересира: Д-р Нела советува: CoQ10 е чувар на срцето и младоста.

Сподели: