Лето, одмори, патувања… сезоната само што започна! Секој би посакал безгрижен одмор, а затоа ние сме тука да ви помогнеме за да ја исполните вашата агенда. Ја консултиравме Д-р Нела Деспотовска кои се најважните суплементи за патување и одмор. Што треба да ставите во куферот, пред да заминете?
Патувањата ни овозможуваат да истражуваме други култури, да посетуваме историски значајни места, да одмораме покрај плажа и сенка… Но, секое патување носи низа предизвици кои мораме да ги надминиме – проблеми со несоница, запек, пролив, замор, уринарни инфекции… Те запознаваме со најважните 5 суплементи кои докторите ги препорачуваат да се носат на патување и одмор.

Пробиотици за избегнување на непријатностите при патувања
Ако патуваш во тропска дестинација, пробиотиците мора да ти бидат први на листата. За да ги избегниш сите непријатности кои се јавуваат на патувањата со промената на храната и водата, се препорачува пробиотиците да се пијат 14 денови пред патување и 14 денови по патувањето. Препорачуваме BerryDophilus Kids – таблети за џвакање кои може да ги користат и возрасни и деца. NOW® BerryDophilus ™ обезбедува 2 милијарди CFU од комбинација на 10 клинички потврдени пробиотски бактериски видови создадени за поддршка на гастроинтестиналното здравје и функцијата на здрав имунолошки систем.
Магнезиум за подобар сон и против запек
Магнезиум цитратот е еден од најзначајните додатоци кои се препорачуваат за патување, а еве и зошто:
Магнезиумот ги подобрува сонот и го смирува нервниот систем
Нов кревет и перница, промена на временската зона и целата возбуда со одморот може да предизвика несоница. Магнезиумот помага за релаксација на мускулите и смирување на нервниот систем, а со тоа и до полесен сон во новата средина.
Магнезиумот помага против вкочанетите мускули од долгото седење во автомобилот или авионот
Благодарение на тоа што помага за релаксација на мускулите, магнезиумот нека ти биде прва помош ако имаш вкочанети мускули или почувствуваш грчеви.

Магнезиумот може да се користи за одржување на нормалната перисталтика на цревата за време на патувањата
Остипацијата (запек) е честа при патувања, а тоа е предизвикано од дехидратацијата, брзата храна или од промената на начинот на живот. Магнезиумот го помага движењето на водата во цревата, а со тоа ја одржува нормалната перисталтика за време на патувањата.
Постојат различни типови на магнезиум, а наша препорака е магнезиум цитартот од NOW кој може да се набави онлајн од vitamini.mk со бесплатна достава до дома или да се купи од сите поголеми аптеки.
Дигестивни ензими за подобро варење на храната и максимално уживање во локалната кујна
Една од омилените работи при патување е дегустација на локалната кујна и пробување на различни специјалитети и десерти кои се карактеристични за местото. Дигестивните ензими помагаат за подобрување на варењето на храната, намалување на подуеноста и се од голема корист кај лицата кои се осетливи на глутен и лактоза.
За лицата кои се осетливи на глутен им препорачуваме Gluten Digest кој може да го набави од страницата на vitamini.mk со 40% попуст. Супер за патување, зарем не? NOW Gluten Digest е ефикасен додаток кој може да помогне при симптоми на гасови, нетолеранција на глутен, нетолеранција на лактоза, надуеност, дијареја и запек.
Витамини Б-50 за активен одмор без замор
Одмор, коктели, кафиња… Сакаш да имаш енергија да посетиш повеќе интересни места, но заморот ти е проблем? Витамините Б-50 може да ти помогнат за активен одмор. Стресот околу патувањето може да ја намали количината на Б витамини во телото и да придонесе за појава на замор.
B-50 обезбедуваат целосен додаток на Б-витамини плус холин и инозитол. Овие витамини делуваат за да го поддржат производството на енергија, да одржуваат здрав метаболизам на хомоцистеин и да го промовираат здравјето на нервниот систем. В-50 комплекс има стимулирачки ефект врз организмот. Најдобро е да се зема наутро со првиот оброк за да ги надополни хранливите материи и да го подобри метаболизмот.

Д-маноза за одмор без урнарни инфекции
D-Mannose е вид на едноставен шеќер по хемискиот состав сличен на глукозата, која се добива од природните сокови на одредени видови овошја, растенија и габи. Се користи како превентивна мерка за сите кои имаат чести и повторувачки уринарни инфекции кои најчесто се предизвикани од бактеријата Escherichia Coli.
Други додатоци кои може да ти бидат од корист:
BioAstin – додаток во исхраната со моќни антиоксидантни придобивки. Значаен е неговиот заштитен ефект кој го има врз здравјето на кожата и нејзината заштита од оштетување. Ги смирува воспаленијата при разни инфламаторни состојби и го зајакнува имунолошкиот систем.
Caprylic acid – Антибактериските и антивирусните својства помагаат во лекување на здравствени проблеми предизвикани од инфекции на цревата.
Посети ја vitamini.mk и нарачај го твојот сет за патување!