Со нив ги миеме садовите, а се утврдило дека на кујнските сунѓери се наоѓаат милијарди бактерии!
Она што треба да го знаете дека не постои начин да ги исчистите и да ги отстраните бактериите. И не, не е доволно само редовно да го менувате – бактериите се насобираат на сунѓерите за помалку од месец дена.
Што велат истражувањата?
Истражувањата покажале дека сунѓерите кои редовно се чистат така што се ставаат во микробранова печка или се потопуваат во врела вода, не се многу почисти од сунѓерите кои не се исчистени.

Научниците собрале 14 сунѓери од различни куќи во Германија, а секој сунѓер било поделен на горен и долен дел и со стерилни инструменти бил однесен на анализа.
Лицата потоа одговарале колку често и како ги чистат сунѓерите, како и на колку време ги менуваат. Поголемиот дел од нив ги менувале сунѓерите барем еднаш месечно.
Без разлика на тоа, научниците откриле дека на сунѓерите се наоѓаат голем број на бактерии, меѓу кои и патогени кои може да доведат до труење и колера.
Тие кажуваат дека кујнските сунѓери како резултат на порозната текстура се идеално место за инкубација на микроорганизми. Сунѓер со големина колку една коцка шеќер може да содржи и до 54 милијарни бактерии.
Колку често треба да се менуваат кујнските сунѓери?
Кујнските сунѓери имаат способност да собираат и шират бактерии. Како што споменавме ни редовното чистење не помага да се намали бројот на бактериите. Затоа редовно менувајте ги сунѓерите барем еднаш неделно.
Ви предлагаме да прочитате: Колку е чиста вашата кујна?