Доколку за време на готвењето имате проблем со одвојување на жолчка од белка, погледнете го краткото видео од Џејми Оливер, на кое искусниот готвач ни претставува 3 лесни начини, кои ќе бидат голема корист на многу домаќинки.
Ќе се уверерите дека одделувањето на жолчките од белките никогаш не било полесно и побрзо, а воедно се задржува нивниот изглед и тие не се распарчуваат. Одберете начин кој најповеќе ви се допаѓа и олеснете си ја работата во кујната.
- Класичен начин на одвојување на жолчка од белка. Внимателно скршете го јајцето, над длабок сад. Притоа, жолчката неколку пати префрлајте ја помеѓу двете парчиња од лушпата, се додека белката не се издвои. Овој начин и не е толку практичен затоа што понекогаш се случува жолчката да се распарчи и да се измеша со белките.
- Одвојување на жолчка од белка со помош на прстите. Над длабок сад скршете го јајцето. Жолчката и белката истурете ги врз малку подраширени прсти од дланката. Притоа жолчката ќе остане врз прстите, а белката ќе се излие во садот.
- Издвојување на жолчка од белка со помош на пластично шише. Со помош на пластично шише нема да ви се истури јајцето надвор од садот, нема да ви падне лушпа во жолчката, а жолчките ќе останат цели. Единствено нешто што ви е потребно е пластично шише, јајце и чинија. Скршете го јајцето во чинијата, земете го пластичното шише и нежно притиснете го за да излезе воздух, а потоа започнете внимателно да ја вшмукувате жолчката. Иако можеби ви се чини дека постапката е премногу едноставна, проверете сами и уверете се дека нема причина да бидете сомничави.