Речиси секој месец во светски рамки се објавува нова студија што покажува дека нашиот избор на храна е многу повеќе од задоволување на апетитот и дека со она што го внесуваме го креираме сопственото здравје. Британските научници користејќи ги податоците на Светскиот фонд за истражување на ракот, составиле листи на најкорисни и најштетни прехранбени производи што влијаат на спречување или појава на болести, особено на ракот.
Пресолена храна, алкохол, сувомеснати производи, мрсна храна, црвено месо, пржена храна и скара, чадена храна, врели пијалаци, се дел од производите кои се наоѓаат на листата на најштетни прехранбени производи.
Пресолена храна
Постојат оправдани сомневања дека пресолената храна, како што се готовите пакувани и инстант јадења, значително го зголемува ризикот од рак на желудникот. Околу 70-80% од солта која секојдневно ја консумираме потекнува токму од тие готови, фабрички пакувани јадења, а само 20% од солта внесуваме преку храната што сами ја подготвуваме.
Здравата дневна количина на сол која се препорачува е 4 до 6 грама, меѓутоа во западните земји просечно дневно се внесува и повеќе од 9 грама сол. Дознајте кои 4 знаци предупредуваат дека консумирате премногу сол.
Сувомеснати производи
Овие производи содржат нитрати кои се додаваат во процесот на преработка на месото како конзерванси. Самите нитрати не се директни причинители на рак, но во организмот може да се трансформираат во нитросоамини, кои се познати како предизвикувачи на тумори во дигестивниот систем. Студиите покажуваат дека консумирањето на големи количини салама, сланина и виршли (околу 60 грама или едно подебело парче чадена шунка или, пак, хот дог) го зголемува ризикот од појава на рак на цревата дури за 50%.
Мрсна храна
Научниците предупредуваат дека исхраната што се темели на производи со висок процент на заситени масти го прави организмот многу подложен на различни заболувања, вклучувајќи го и ракот. Такви се на пример, путерот, колачите или колбасите. Се смета дека значителното внесување заситени масти ги прави ткивата помалку отпорни на заболувања. А ако често сте гладни, немате енергија, имате сува кожа, прочитајте ги овие 6 симптоми кои покажуваат дека не консумирате доволно здрави масти.
Пржена храна и скара
На површината на прженото и на загореното месо се создаваат штетни хемикалии познати како полициклични хидрокарбонати што се поврзуваат со повеќе видови канцерогени заболувања.
Алкохол
Истражувањата велат дека пречестото и прекумерно консумирање на алкохол го зголемува ризикот од рак на душникот, грлото и хранопроводот. Едно чаша вино дневно има корисно дејство врз здравјето, меѓутоа поголемите количини го зголемуваат ризикот за повеќе од 20 пати.
Ви предлагаме да прочитате: Со здрава храна против канцер.