Непечена торта со ресани и крем банани

Ви се каснува нешто благо, а не се сакате да поминувате неколку часови во кујната и да припремите десерт? Имаме одличен предлог за вас!

Направете брза непечена торта со ресани, крем банани, урми, смокви, бисквити и желе бонбони, по испробан рецепт од Маја. А ако ви се најавиле гости, ви предлагаме да ја зголемите количината на состојките.

непечена торта со ресани и крем банани

Состојки:

  • 200 – 250 грама ресани
  • 200 грама крем бананчиња
  • 100 грама урми
  • 100 грама смокви
  • 100 грама желе бонбони
  • 150 грама бисквити
  • 2 лажици мармалад
  • 100 мл млеко
  • 200 грама чоколадо за глазура.

Подготовка:

  1. Ресаните, крем бананите, урмите, смоквите и желе бонбоните исечкајте ги на мали коцки.
  2. Бисквитите искршете ги.
  3. Во длабок сад ставете ги исчеканите ресани, крем банани, урмите, смоквите, желе бонбоните и бисквитите. Измешајте ги убаво и во садот додајте го мармаладот.
  4. Млекото ставете го во мало тенџере на оган и кратко затоплете го. Топлото млеко ставете го во садот со сечканите ресани. Добро измешајте ги состојките за да се добие хомогена смеса.
  5. Смесата ставете ја во кружен или правоаголен калап, обложен со најлонска фолија, а потоа тортата ставете ја во фрижидер да се лади за време од 3 до 4 часа.
  6. Изладената торта со ресани и крем банани, извадете ја од калапот.
  7. Чоколадото растопете го во сад на пареа и прелијте ја тортата. Декорирајте по желба. На здравје!

Рецептот го испратил: Маја Долеска

Сподели: