Готовите кашички на Лино се безбеден избор за оброк дома, но и одлично решение за квалитетна ужинка надвор од домот. Новите Лино Фрутолино БИО кашички го комбинираат најдоброто од двата света во четири неодоливи вкусови во практично „пауч“ пакување.
Следејќи ги трендовите и слушајќи ги желбите на потрошувачите, Лино брендот за детска храна сега го збогати својот асортиман со Лино Фрутолино БИО кашичките. Овој вкусен новитет е идеален за родители кои сакаат да им понудат на своите бебиња од 6+ месеци вкусен оброк полн со неодоливо овошје или овошје во комбинација со житарици.

Пред бебето да научи самостојно да јаде со лажица, тоа веќе може да ја држи вреќичката или пауч пакувањето и самостојно да јаде од него. За тоа време, мајките можат да туркаат количка, да нахранат друго дете или да земат заслужен одмор. Лино Фрутолино БИО кашичките со задоволство ги конзумираат и децата од градинка и на училишна возраст, кои со радост ги носат со себе додека си играат или на разни спортски активности. Ги собира во секој ранец, лесно се отвораат и нудат толку многу вкус и забава.
Новите Лино Фрутолино БИО кашички на пазарот се присутни во 4 комбинации од неодоливи вкусови. Содржината е фино овошно пире без парченца и без шеќер, направени од 100% овошје со БИО квалитет. Тие се забавни и практични за во детските раце. Безбедни се за употреба благодарение на чепот против гушење. Тие се првиот избор на децата и на родителите.
Родителите избираат, а децата уживаат
На родителите им е важно децата, додека растат, да јадат што повеќе разновидна храна за да можат правилно да растат и да се развиваат. Дома ова не е проблем, но што да му понудите на вашето дете како ужинка кога оди во парк, на патување или во училиште? Повеќето родители ќе се согласат дека сакаат оброк што ќе биде привлечен за детето и без додаден шеќер. Овошјето не е секогаш достапно и при рака, а сакаме децата да го јадат колку што е можно повеќе. Лино Фрутолино БИО пауч го нуди токму тоа – вкусен, сочен и сладок овошен оброк без додадени шеќери, односно само квалитетно БИО овошје. Овие кашички се лесни за носење во ранец,а исто така се и лесни за отворање, прилагодени на детските рачиња.
Лино нуди 4 неодоливи вкусови, идеални за меѓуоброк, снек или десерт:
- круша и кајсија
- јаболко
- круша и банана
- овошје со овес
- овошје со ориз.
Совршена комбинација на вкусно и сочно овошје во практично и атрактивно пакување
Освен што малите деца сега можат да уживаат во овошјето во секое време од годината, ова овошно пире без парчиња им нуди практичност и независност во користењето. Во исто време, им остава на родителите чувство на сигурност дека нудат неодолив и квалитетен оброк, вистински спој на совршено овошје кое што го немаат при рака во текот на целата година. Лино Фрутолино БИО кашичките децата можат да ги земат со себе во градинка или во училишниот ранец , да уживаат на голем одмор наместо парче свежо овошје, па дури и да го конзумираат паучот за енергија после тренинг.
Овие закуски се тука за да ве спасат во деновите кога немате многу време да приготвувате оброци, но и добар начин да ги „скриете“ овошјето и житарките од малите деца на кои тие не им се најомилени. Тие се лесно преносливи и хранливи, па малите деца можат да ги консумираат и во движење. Не треба да се ставаат во фрижидер, може да се јадат без лажица и не оставаат неред на детските раце и лица.
Побарајте ги новите Лино Фрутолино БИО кашички во пауч пакување на полиците во маркетите уште денес и вие и вашите малечки уживајте во практичен и вкусен оброк кога сакате и каде сакате. Сега ви се на дофат, пробајте ги, навистина се вкусни, практични и неодоливи.
Ви препорачуваме да прочитате: 5 совети за да ги научите децата на здрава исхрана.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.