украси со тестенини

Новогодишни декоративни ленти со тестенини

Празниците се период кога домот мириса на божиќни колачиња со цимет, кога се кити елката, а децата прават креативни украси од најразлични материјали. А за уште поголема радост на сите, ви претставуваме еден необичен и интересен начин за правење новогодишни декоративни ленти од тестенини во форма на панделка.

Наместо да купувате скапи новогодишни ленти, одвојте малку време и уживајте во креирањето на празничните декорации. Она што ви е потребно е тестенини во форма на панделка и забавата може да започне!

Како да направите новогодишни декоративни ленти со тестенини?

Постапката за изработка на декоративните украси од тестенини е едноставна и истата е прикажана и на видеото. На вас останува само да ги следите инструкциите и да ја разубавите елката и домот со интересните ленти од тестенини. Крајниот резултат е навистина неодолив и е совршен за празничната сезона.

Пред да започнете, проверете дали ги имате на располагање следните материјали:

  • тестенини во облик на панделка
  • четка за сликање
  • силиконски пиштол
  • светки во прав
  • бисерни топчиња
  • боја по желба
  • конец
  • хартија за печење или стар весник.

Начин на изработка на декоративни ленти од тестенини:

  1. Врз работната маса ставете хартија за печење, а потоа наредете ги потребните материјали.
  2. Со помош на четка обојте ги тестенините од двете страни. За подобар сјај на панделките, истите може да ги премачкате транспарентен лак за нокти. По желба, обоените панделки поросете ги со светки во прав.
  3. На средината на панделката со силиконски пиштол залепете едно бисерно топче.
  4. Откако панделките ќе се исушат, залепете ги со силиконскиот пиштол врз декоративен конец на растојание по ваша желба. Новогодишната лента со тестенини е подготвена да ја краси вашата елка.

Ви препорачуваме да прочитате: Лесно направете празнични свеќници од пластични лажици.

Сподели: