Ослободете се од темните дамки под пазувите

Ослободете се од темните дамки под пазувите

На секоја жена во даден момент од животот ѝ се случило да се справува со темни дамки под пазувите. Многумина ги доживуваат како срамна појава, па некои и сред лето ги кријат под облеката. Но, сега има лесно решение кое ќе ви помогне да ја избелите кожата под пазувите.

Доколку вашата рутина вклучува бричење на пазувите со брич или со крем за депилирање тоа е причина за појава на непосакуваните темни дамки. Покрај тоа, предизвикувачи на потемнувањето на кожата во овој предел, а и пределите на препоните, колената и лактите може да биде и премногу користење на дезодоранси, тесна и непријатна облека, нередовно отстранување на мртвите клетки за кои е неопходен пилинг на кожата.

дамки под пазуви

Компир за кожа без темни дамки под пазувите

Сепак, постои една природна и лесно достапна намирница која ќе ви помогне за решавање на овој проблем. Можеби ќе се изненадите, но чудото – избелувач е обичниот компир.

Иако ви звучи чудно и необично, облозите од сиров рендан компир значајно ќе ја осветлат кожата под пазувите. Компирот во својот состав содржи ензим каталаза, која ја избелува кожата без да ја иритира.

Земете еден среден компир и излупете го. Потоа изрендајте го и нанесете го под пазувите за време од половина час. Постапката применете ја неколку денови со ред и забележете го резултатот. Ако не се во можност да ставете вакви облоги, едноставно исечете кришка компири и тријте ја кожата под пазувите.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен третман против пеги, дамки и хиперпигментација.

Сподели: