Од кујната на Марија Кочовска – Пенасти манчмелоу коцки

Вкусно, пенасто уживање дополнето со овошен сладок вкус! – Во слатката кујна Марија приготви манчмелоу коцки со крцкава бисквита, пенаст фил и мармалад од кајсии за совршен финиш!

Подготовката е едноставна и ќе ви одземе 15-тина минути, а состојките кои се потребни ги имате во кујната. Гарантираме дека ќе им се допадне на сите, а децата најмногу ќе се радуваат!

Состојки:

  • 250 грама шеќер (може да користите и шеќер во прав)
  • 2 ќесички ванилин шеќер
  • 300 мл вода
  • 20 грама – 2 ќесички желатин во прав
  • 100 г бисквити
  • 100 г мармалад од кајсија

За декорација:

  • 20 г шлаг пена
  • 50 мл ладно млеко
  • срциња од чоколадо
  • свежо нане.

Подготовка:

  1. Во поголема чаша ставете го желатинот и додајте 100 мл ладна вода. Измешајте и оставете го желатинот да набабри.
  2. Шеќерот и ванилиниот шеќер ставете ги во сад за матење и измешајте со лажица.
  3. Бисквитите наредете ги во правоаголен калап.
  4. Преостанатата вода (200 мл) ставете ја на оган да се вари. Пред да зоврие тргнете ја од огнот и додајте ја во садот со желатинот. Измешајте за да се растопи желатинот.
  5. Во садот со шеќерот постепено додавајте од течноста со желатинот и матете со миксер околу 3-5 минути додека се добие густ шлаг.
  6. Шлагот ставете го во калапот и оставате смесата да се излади.
  7. Извадете ја смесата од калапот и со помош на остар нож исечете коцки.
  8. Шлаг пената изматете ја со ладното млеко и ставете ја во готварски шприц. Во друг готварски шприц ставете го мармаладот од кајсии.
  9. Готовите манчмелоу коцки декорирајте ги со мармалад од кајсии, шлаг пена, срциња од чоколадо и гранчиња свежо нане. На здравје!

Препорака од авторот:

Ти се допаднаа рецептите? Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадни мафини со џем од јагода.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: