Салата со домати, кромид и печен интегрален леб

Ова е права летна салата со домати која сигурно ќе му се допадне на секој. Во Македонија салатата со домати и кромид е честа на трпезите, а сега имаме многу интересна варијација.

Идејата доаѓа од кујната на Лана, а рецептот го објави на нејзиниот блог Kuchinjica Mignone. Во последно време салатите кои се прават со парчиња печен леб, брускети или кубети се многу актуелни и вкусни. Па, затоа пробајте ја оваа салата со домати, кромид и печен интегрален леб.

салата со домати

Состојки:

  • 500 грама домати
  • 1 главица црвен кромид
  • 1 помала векна интегрален леб
  • сол и црн пипер
  • маслиново масло
  • маслинки по желба.

Подготовка:

  1. Лебот исечете го на коцки.
  2. Во тава ставете хартија за печење. Во тавата додајте го лебот и попрскајте го со малку масло. Печете го рерна на 180 степени додека зарумени.
  3. Во меѓувреме исечете ги доматите на половина, а кромидот на ленти или ситни коцки по желба.
  4. Сечканите домати и кромид ставете ги во длабока чинија, посолете ги и зачинете ги со мелен црн пипер по вкус. На крај додајте малку маслиново масло.
  5. Печените лепчиња извадете ги од рерната и додајте ги во салатата. Кратко измешајте. Додајте неколку црни маслинки во по желба и веднаш послужете. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Италијанска салата со домати и маслинки.

Сподели: