Убавото кај пилинзите е тоа што истите може многу лесно да се направат и од домашни состојки кои се лесно достапни и евтини и кои речиси сите ги имаме во нашата кујна. Ви нудиме еден лесен рецепт за пилинг со сол и шеќер кој покрај тоа што ги отстранува мртвите клетки, помага и во борбата против целулитот и стриите.
Основната намена на пилинзите е отстранување на нечистотиите и мртвите клетки од кожата. Затоа, тие треба да имаат абразивна структура. Бидејќи самата постапка ја поттикнува циркулацијата на крвта и придонесува за подмладување на клетките, после нивната употреба кожата останува мазна. Шеќерот е „задолжен“ за механичкото дејство. Морската сол е богата со јод и микроелементи кои ја обновуваат кожата и затоа за овој пилинг е вклучена и таа. Додека пак за масло, може да се употреби било кое природно масло кое ја хидрира кожата како кокосовото и маслиновото.

Состојки:
- 200 г морска сол
- 200 г шеќер
- 150 до 200 мл маслиново или кокосово масло.
Подготовка и употреба:
- Во стаклен сад измешајте ги солта, шеќерот и маслото, така што ќе добиете смеса со густина слична како јогурт.
- Вака подготвениот пилинг користете го секоја вечер пред туширање.
- Се нанесува со триење на проблематичните делови од кожата, така што ќе се масирате со кружни движења од 2 до 3 минути.
- Потоа, едноставно исплакнете со топла вода и нанесете хидратантен крем или лосион за тело.
- Резултатите се видливи по само еден месец редовна употреба на вака подготвениот пилинг. Ќе забележите дека стриите и целулитот се помалку забележливи.
Препорака плус: Не треба да престанете со употреба на пилингот по забележувањето на првите позитивни ефекти, бидејќи со неговата редовна употреба возможно е скоро целосно да исчезнат стриите и целулитот.
Ви препорачуваме да прочитате: 4 совети против целулит и за полесно слабеење.