Со ладното време доаѓаат и сезонските вируси и настинки. Пружете му на организмот природна заштита од воспаленија на ушите, носот и грлото. Со помошта од природата и лесно победете ги болките во грлото и тегобите кои доаѓаат со нив!
Настинката важи за поблаго воспаление на респираторниот систем и поминува за неколку дена. За разлика од неа, грипот може да трае од неколку дена до неколку седмици, а симптомите се поинтензивно изразени. Ова е важно да го знаеме, затоа што може да ни помогне во голема мера за зачувување на нашето здравје и превенирање на посериозни состојби како што е пневмонија и други здравствени проблеми кои доведуваат до хоспитализирање. Во секој случај, по потреба препорачуваме да се консултирате со вашиот лекар, а подолу ќе најдете многу корисни информации кои се применливи за секоја возраст, од најмали до највозрасни. Ви препорачуваме да прочитате како да бидете подготвени за да уживате во зимата заедно со вашите најмили и покрај ладното време.

Топлите напитоци не се единствениот начин со кој може да ги ублажиме болките во грлото. Затоа, ви припремивме и листа на корисни намирници кои помагаат во ублажување на тегобите и оздравување.
Банана
Бананата е меко овошје кое влијае поволно на нашето грло. Лесно се голта и не предизвикува болки ако грлото ни е воспалено. Покрај тоа, богата е со витамините Ц и Б6, како и минералот калиум.
Пилешка супа
Овој традиционален лек е одличен против воспалено грло и настинка. Направете супа богата со морков, лук, целер, кромид, односно лесна чорба која е позната дека значително помага.
Мешавина од лимон и мед
Ова е одличен лек против воспалено грло. Го намалува воспалението и ја ублажува болката.
Јајца
Јајцата се богати со протеини и можат да помогнат многу при воспалено грло. Она на што треба да внимавате, е да не додавате премногу зачини во нив, затоа што може да влијае неповолно врз воспалението.
Чај од ѓумбир со мед
Додека го пиете овој чај, задолжително вдишувајте од пареата, а со тоа ќе си помогнете да имате олеснето дишење. Кликнете тука за да прочитате како да си направите ефикасен домашен чај од ѓумбир за настинка и грип.
Овес
Овесот може да го јадете како овесна каша или приготвен во разни јадења. Тој е богат со растителни влакна, го снижува нивото на холестерол, богат е со протеини, па е добар избор при настинка. По желба овесната каша збогатете ја со банана и мед, ефектот ќе биде уште подобар.
Жалфија
Уште од минатото е познато лековитото дејство на жалфијата и нејзината способност да го смири грлото. Жалфијата содржи флавоноиди, ензими и фенолни соединенија, а чајот приготвен од неа го лекува грлото преку гргорливо испирање, барем неколку пати во денот.
Тестенини од цело зрно
Тестенините од цело зрно се богати со растителни влакна, железо, цинк и витамините Б1, Б2, Б3 и Е. Додајте некој лесен прелив или фил и уживајте во здравиот оброк.
Обарен морков
Во случај на болки во грлото, овој здрав зеленчук јадете го обарен. На тој начин, полесно ќе го проголтате, а ќе го снабдите организмот со витамините А, Ц, К, големи количини растителни влакна и калиум.
Земајте OralBiotic – природен пробиотик за заштита на ушите, носот и грлото
OralBiotic-от ја зголемува отпорноста кон инфекциите со одржување на природна бактериска рамнотежа. Тој е единствен и комплетно нов концепт во исхраната кој содржи напреден пробиотик BLIS K12, за поддршка на здравјето и рамнотежата на микрофлората во устата, грлото и средното уво. BLIS K12 е природна добра бактерија која се наоѓа во устата и грлото и напреден пробиотик кој обезбедува природна заштита на имунолошкиот систем против воспаление на грлото, инфекции на увото и горните дишни патишта, што е особено важно за децата. Со своето ензимско делување ги спречува лошите бактерии и го штити организмот од инфекции, па е идеално природно средство за превенција на лицата кои работат и престојуваат во простории со многу луѓе.
Повеќе за OralBiotic може да прочитате од онлајн продавницата на Тримекс, од каде што исто така може да го набавите. Доколку сакате, може да го нарачате и директно на вашата адреса преку телефонскиот број +389 (2) 32 46 000, или пак да го набавите од сите поголеми аптеки.
Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: За кого е наменета спирулината? Кој сè може да ја користи?