Супер комбинација од најмоќните природни лекови кои ќе ви помогнат при грип и настинка. Овој чај од ѓумбир, лимон, мед и други зачини може да ви помогне да останете хидрирани и да ја намалите болката во грлото за време на сезоната на грип и настинка.
Ладно е, за грипот и настинката се многу раширени. Најдобар начин за превенција е да ги миете рацете редовно, да избегнувате болни луѓе и да се храните или пиете течности кои ќе ви помогнат против грип. Но, ако веќе имате болка во грлото или покачена температура, направете го овој чај кој ќе ви помогне да бидете хидрирани и ќе ги намали симптомите кои се јавуваат при грип и настинка.

За да го направите ќе ви бидат потребни:
Лимон
Лимонот е богат со витамин Ц, кој помага за намалување на должината и интензитетот на симптомите, ако веќе имате настинка.
Цимет
Овој зачин кој е богат со антиоксиданси ќе го затопли вашето тело.
Ѓумбир
Ѓумбирот се користел со векови како природен лек при болка во грлото и олеснување на дишењето за време на настинка. Најдобро е познат по неговата моќ да го смири вознемирениот стомакот, па ѓумбирот исто така може да користи при повраќање или гадење.
Каранфилче
Каранфилчето ја намалува кашлицата и помага за полесно исфрлање на шлајмот. Може да користите мелено каранфилче или да ги истолчите сувите цветови.
Куркума
Еден од најефикасните зачини кои имаат анти-воспалително дејство е куркумата. Таа може да ви помогне за намалување на воспалението и да ја намали гастроинтенстиналната непријатност.
Црвена лута пипер
Одлична е за затоплување на телото, а може да ви го зголеми и апетитот. Во традиционалната индиска медицина лутата црвена пипер се препорачува при проблеми со циркулацијата.
Мед
Медот содржи мали количини витамин Ц и фолна киселина, и може да ви помогне да ја намалите болката во грлото, која често се јавува како резултат на иритацијата од кашлицата.
Состојки:
- 3 чаши вода
- сок од половина лимон
- 1 стапче цимет
- 3 парчиња свеж ѓумбир (со дебелина 6 до 7 мм)
- ¼ лажица каранфилче
- ½ мала лажичка куркума
- прстофат лута црвена пипер
- 1 ½ мала лажичка мед (по желба може да додадете повеќе).
Подготовка:
- Сите состојки, освен медот ставете ги во тенџере на оган. Штом чајот зоврие, намалете ја температурата и оставете го да вари за време од 10 минути.
- Чајот оставете го кратко време да се излади, исцедете го и турете го во чаши. Засладете го со мед и испијте го додека е топол. На крај, одморајте се!
Ви предлагаме да прочитате: 9 намирници кои треба да ги јадете при грип и настинка.