Уште еден интересен вегански и посен рецепт кој го најдовме на Youtube каналот на dm-drogerie markt Makedonija! Денес пробајте нешто ново, нешто интересно и по малку несекојдневно. Направете полнет сладок компир во солена и блага варијанта.
Подготовката е многу лесна, ќе забележите од самото видео. Рецептот е изработен во соработка со познатиот готвач од Србија, Филип Ќириќ што е доволна мотивација за да го пробате во првата прилика.
Состојки:
- 3 слатки компири.
Фил 1:
- 30 г dmBio леблебија
- 1/2 кељ
- 1/2 лажичка сол
- 1 лажичка тахин
- 20 мл dmBio сок од лимон
- dmBio куркума по вкус.
Фил 2:
- 1/2 лажичка dmBio песто сос
- 10 г варен црвен грав
- 50 г шери домати
- 10 г млад лук
- 30 г авокадо
- 1/2 лажичка сол
- 20 мл dmBio маслиново масло
- 10 г dmBio маринирани бадеми.
Фил 3:
- 2 лажици dmBio путер од кикирики
- 3 лажици dmBio овошен намаз од малини
- 1/2 банана
- dmBio цимет по вкус.
Подготовка:
- Слатките компири завиткајте ги во алуминиумска фолија, секој посебно.
- Завитканите компири печете ги во претходно загреана рерна 2 часа на 200 степени.
- Печените компири извадете ги од фолијата и пресечете ги по должина. Едниот дел да биде поголем од другиот. Издлабете ја внатрешноста со лажица.
- Еден сладок компир наполнете со првиот фил. Во него ставете 20 г dmBio леблебија. Исечете го кељот и ставете го врз леблебијата. Додајте ги и останатите 30 г dmBio леблебија. Посолете. Потоа додајте го тахинот и dmBio сокот од лимон. На крај ставете dmBio куркума по вкус.
- Вториот компир намачкајте го со dmBio песто сос. Додајте го црвениот грав. Исечкајте ги шери доматите и наредете ги во компирот. Потоа исечкајте го и ставете го младиот лук. Авокадото излупете го и додајте го во компирот. Додајте сол и dmBio маслиново масло. Исечкајте ги dmBio маринираните бадеми и посипете одозгора.
- Во третиот компир додајте го dmBio путерот од кикирики и премачкајте го. Потоа премачкајте со dmBio овошен намаз од малини. Бананата исечете ја на крукчиња и наредете ја во компирот. Додајте dmBio цимет по вкус.
Ви препорачуваме да прочитате: Веган mac & cheese.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.