Кога завладеа пандемијата со корона вирусот, секој од нас започна да се прашува како да го зајакне имунитетот, да спречи инфекција и да се бори против вирусот. И тоа е многу нормално, затоа што секој од нас има должност кон себе да се грижи за организмот, за потоа добро да го служи и да се спречи појава и ширење на болестите. Останете до крај со нас и прочитајте кои практични совети и исхрана ви ги предлагаме за посилен имунитет!
Во оваа прилика ќе посочиме неколку важни фактори на кои секојдневно не обрнуваме внимание, а вреди да ги запаметиме. А, имајќи предвид дека секогаш е добро информациите да се дополнат и да се поткрепени од лекарски совет, на крај со помош на Д-р Нела Деспотовска, ќе ви препорачаме и корисни додатоци во исхраната кои помагаат да постигнеме посилен имунитет, посебно во време на корона вирусов.

Функција на имунолошкиот систем
Основната функција на имунолошкиот систем е одбрана на организмот од потенцијални напаѓачи кои може да предизвикаат болест. Како одбранбен систем, тој ги препознава микроорганизмите, отровите и другите штетни материи како „страни“ и се припрема за одбрана на организмот од нив.
Како да го зајакнеме имунитетот?
Важност на храната и водата
За да го одржиме силен имунолошкиот систем, мора да живееме во склад со природата. Важно е да имаме доволен внес на квалитетна вода и храна, оптимален внес на витамини, минерали, антиоксиданси и пробиотици. За зајакнување на имунитетот нутриционистите ги препорачуваат следните намирници: лук, праз, кромид, цитрусни овошја, кисела зелка, брокула, цвекло, морков, јаболка, грозје, млечни производи, јаткасти плодови, мешунки, риба, мед, тиква и ѓумбир. Пијте чај од камилица за антивоспалително дејство, јадете топли супи зачинети со црн бибер и лук.
Водата која ја пиеме учествува во градбата на клетките, циркулира во меѓуклеточниот простор и врши размена на материите. Затоа, важно е да имаме оптимален внес на вода. Ако се пие доволна количина на чиста и исправна вода, организмот самиот си прави детоксикација, а со тоа и го одржува здравјето. Се препорачува дневниот внес на вода да биде 8 до 10 чаши, или тоа се околу 2 литри. Притоа, важен е квалитетот на водата, а со самото тоа изворската вода е најдобра. Треба да се обрне внимание на водата од чешмите, затоа што често може да содржи бакар или арсен кои доаѓаат од цевките низ кои тече водата и може да влијаат на човековото здравје.
Квалитетна вода значи јонизирана алкална вода која го алкализира телото и има антиоксидативни ефекти. Правилно, вода се пие 1 час пред и после јадење. Тоа е така поради што водата испиена за време на јадењето ги разредува дигестивните сокови, ја менува pH на желудникот и цревата. На тој начин доаѓа до лошо варење и ресорпција на храната.
Важност на сонот и физичката активност
Освен тоа, потребни се минимално 8 часа квалитетен сон и редовна физичка активност, по можност во природа. Со редовната физичка активност се подобрува циркулацијата, т.е се зголемува протокот на крв низ органите. Тоа овозможува имуните клетки да се движат низ телото и да го одбрануваат од бактерии и вируси. Друг факт за физичката активност е што со помош на истата, телото се регенерира 8 пати побрзо.
Додатоци во исхраната кои помагаат да постигнеме посилен имунитет
Hawaiian Spirulina
Hawaiian Spirulina содржи извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки. Тие се во својата изворна форма, без додатоци. Идеална е за сите оние кои сакаат целосен прехранбен додаток наместо вештачки извори на храна. Hawaiian Spirulina е достапна во пакување од 100, 200 и 400 таблети од 500 mg и 142 g прашок. Hawaiian Spirulina е суперхрана која се препорачува за јакнење на имунитетот затоа што:
- е најдобар природен извор на железо и селен
- содржи 65% лесно сварлив протеин
- има повеќе калциум од млекото
- има поголема концентрација на бета каротен од морковот
- содржи повеќе витамин Е од преничните никулци
- богата е со витамините од Б комплексот
- не содржи маснотии.

Vitamin D-3
Нашиот организам го прима витаминот Д најмногу од сонцето, а помалку и од храната. Потоа се претвора во Д-3 и во таква форма го користи нашетото тело. Но, понекогаш, поради некои причини, се јавува недостаток од витамин Д, па е потребно да се внеси како додаток во исхраната. За таа цел, го препорачуваме NOW® Vitamin D-3 затоа што го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на мека капсула.
AlphaSorb-C
AlphaSorb-C е уникатна и патентирана некиселинска форма на витаминот Ц која содржи некиселински минерални аскробати и природни состојки кои овозможуваат подобро апсорбирање во крвта и клетките отколку нормалната аскробинска киселина. Витаминот Ц е најмоќниот витамин за заштита на организмот од вируси и болести, како и за јакнење на имунитетот. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник. Ова е уникатна формула на високо биолошки достапен витамин Ц, која подобро се апсорбира во организмот.
Super Omega 3-6-9
Super Omega 3-6-9 е мешавина на рибино масло, лисичинка и масло од ленено семе. Оваа комбинација има уникатен баланс на Омега-3 и Омега-6 есенцијални масни киселини, плус Омега-9, неесенцијална, ама корисна масна киселина. Омега-3 масните киселини, Алфа линоленска киселина, EPA и DHA, и Омега-6 масната киселина, GLA, се неопходни за одржување на здравјето на кожата, нормален баланс на имунолошкиот систем и правилна функција на нервниот систем. Концентратот од природно рибино масло на NOW е произведен под сторги стандарди за контола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи.
Производите може да ги нарачате со бесплатна достава од онлајн продавницата на Тримекс. Истите ги има и во повеќето аптеки низ земјава.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk. Исто така, може да ни пишите и нам на info@sezahrana.mk, а ние ќе ги испратиме вашите прашања до Д-р Нела Деспотовска и ќе ви одговориме.
Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: 6 симптоми кои укажуваат на паднат имунитет.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.