prednosti na kiselata zelka 1

Предности на киселата зелка

Киселата зелка е една од намирниците без која не може да се замисли зимата во Македонија. Се верува дека ладните денови врват полесно која ја има на трпезата. И, иако е ризница на корисни материи, киселата зелка има и неколку мали маани. Истражувавме на оваа тема и еве што дознавме за предностите.

Може да ве интересира: Посен мазник со кисела зелка и Зелник со кисела зелка.

prednosti na kiselata zelka 2

Прво да ве информираме за предностите

Киселата зелка е важи за природен лек кој изобилува со разни минерали и витамини

Таа содржи калиум, калциум, железо, магнезиум, сулфур, бакар, помали количини на натриум, а поволниот однос на калциумот и фосфорот осигуруваат максимална искористливост на истите во организмот.

Најпозната е по тоа што има огромни количини на витамин Ц. Повеќегодишни студии потврдуваат дека количината на витамин Ц во закиселената зелка, слободно може да се споредни со количината на овој витамин во лимоните, портокалите и пиперките.

За време на киселењето, исклучително е активен витаминот Б12 (кобаламин), кој обично се наоѓа во намирниците од животинско потекло. Затоа, за вегетаријанците е посебно значајна храна. Киселата зелка содржи и витамин Б5 (пантотенска киселина), кој е потребен за клеточна енергија и здрава коса. Содржи и фолна киселина и витамините А и Д.

Какво е значењето на расолницата?

Расолницата – сокот од киселината зелка, од дамнешните времиња е познат како лековит напиток. Одамна се практикувал како лек против мамурлак и против настинки поради изобилството со витамин Ц, Е, К и Б. Познат е и како лек за тегоби со варењето на храната, помошник при лекување на чир на желудник и дванаесетпалачното црево, а и народен лек за намалување на отоци во зглобовите. Се препорачува за жени кои навлегуваат во климакс, со цел спречување на остеопороза на коските.

Општо влијание врз организмот

Киселата зелка освежува, го подобрува расположението и го штити организмот на разни начини. Помага против стрес и против паѓање на имунитетот. Ја поттикнува клеточната размена во мозокот и нервите, позитивно влијае на железото во крвта и помага за создавање на црвени крвни зрнца. Помага за изградбата на коските, го намалува холестеролот и влијае поволно против некои врсти на рак.

Пробиотските својства се една од главните позитивни карактеристики на киселата зелка. Таа претставува ферментирана храна која е богата со пробиотски култури. Затоа, киселата зелка е посебно корисна за лекување на болести предизвикани од дисбаланс на цревната флора, а посебно после терапија со антибиотици или хемотерапија. Благотворно влијае на желудникот и цревата. Ја чисти крвта, го успорува стареењето и ја зајакнува отпорноста.

За крај, како што спомнавме и на почетокот, многу наскоро ќе ви кажеме и за „мааните“ на киселата зелка. Продолжете да читате sezahrana.mk и едуцирајте се.

Ви препорачуваме да прочитате: Кисела зелка – штити од рак и ги помага варењето и имунитетот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: