Рефлуксна болест (киселини во желудникот) - причинители и симптоми 1

Препораки за превенција и лечење на рефлуксна болест

Враќањето на киселините од желудникот е доста чест проблем. Од некои истражувања правени по овој повод, утврдено е дека околу 25 – 40% од западното население пати од рефлуксна болест. Се смета дека за тоа, во голема мера придонесува и современиот начин на живот, односно практикувањето на пржената, мрсната и зачинета храна, алкохолот и пушењето.

Претходно ги разработивме причинителите и симптомите на рефлуксната болест, а во оваа прилика ќе откриеме повеќе околу тоа што да се прави за помош, превенција и лечење.

Доколку сакате да ги прочитате деталите за причинителите и симптомите на рефлуксната болест, кликнете на овој линк.

Рефлуксна болест (киселини во желудникот) - причинители и симптоми 2

Кои се препораките за превенција и лечење на рефлуксна болест?

Земањето на класични лекови против рефлукс може да предизвикаат несакани нуспојави како што се губење на коскената маса, чувство на слабост, болка во мускулите, проблеми со дигестивниот систем, губење на апетитот, промени во расположението, депресија, главоболка, осип, проблеми со срцето итн.

Затоа ви предлагаме да се обидете проблемот да го решите на природен начин, така што ќе го промените начинот на исхрана и животниот стил. Нездравите и рафинирани масла заменете ги со маслиново и по можност екстрадевствено, бирајте чаеви од камилица, ѓумбир и рузмарин кои го смируваат желудникот, го намалуваат воспалението на дигестивниот тракт и го поттикнуваат неговото нормално функционирање. Исто така, редовно консумирајте пробиотиците затоа што значително помагаат при рефлуксна болест.

Режим на исхрана при рефлуксна болест и корисни совети

Како што некоја храна предизвикува рефлуксна болест, исто така одредени намирници помагаат во борбата против оваа состојба. Се препорачува да се консумира:

  • кефир
  • артичока
  • аспарагус
  • краставици
  • тикви
  • зелен лиснат зеленчук
  • целозрнести житарки
  • нецитрусно овошје
  • мед
  • лешници и бадеми.

Наместо силни зачини користете коморач и ѓумбир, а од чаеви се препорачуваат некои поблаги како што е камилицата.

Исто така, оброците мора да бидат помали, но почести.

Храната мора добро да се изџвака, бидејќи процесот на дигестија започнува уште во усната шуплина.

Избегнувајте да лежите веднаш после оброците, затоа што на тој начин се зголемува притисокот на сфинктерот, па содржината од желудникот може многу лесно да се врати во хранопроводот.

Ви препорачуваме да прочитате: 9 намирници кои не треба да ги јадете на празен желудник.

Сподели: