9 намирници кои не треба да ги јадете на празен желудник

Дали сте забележале дека при консумација на некои намирници на празен желудник ви се јавиле болки, гастритис, подуеност и непријатност? Ви откриваме 9 намирници кои не треба да ги јадете на празен желудник.

Доколку имате осетлив желудник, посветете внимание на изборот на храна која ја консумирате, особено наутро. Па, како што секој од нас е различен, така секоја храна влијае различно во нашиот организам.

Цитрусно овошје

Киселините во желудникот може да се јават како последица на внесот на овошни киселини на гладно. Гастритисот и чиревите може да настанат како последица на често консумирање на цитрусно овошје на празен желудник.

Лиснато тесто и печива

Квасците кои ги содржи тестото може значително да го иритираат желудникот и да предизвикаат надуеност.

празен желудник

Десерти

Консумацијата на десерти на празен желудник предизвикува нагло зголемување на нивото на инсулин, а тоа може да има лошо влијание врз работата на желудникот.

Ладни газирани пијалаци

Доколку се консумираат на празен желудник, ладните газирани пијалаци може да доведат до оштетување на слузокожата на мембраната и намалување на дотокот на крв во желудникот. Тоа може да доведе до бавно варење на храната и тегоби во пределот на желудникот.

Банани

Доколку јадете банани на празен желудник, може да доведат до нагло зголемување на нивото на магнезиум во крвта, што може да доведе до оштетување на срцето.

Може да ве интересира: Совети и исхрана при чир на желудник и гастритис.

Зачинета храна

Премногу зачинетата храна доведува до оштетување и иритација на дигестивниот систем. Зголеменото ниво на киселини во желудникот е една од последиците на консумирање на јако зачината храна на празен желудник.

Краставици и останат зелен зеленчук

Свежите краставици и останатиот зелен зеленчук доколку често се јадат на гладно може да предизвикаат болки во предниот дел на желудникот.

Домати

Доматите содржат високо ниво на танини кои доведуваат до зголемување на киселоста во желудникот, а тоа може да доведе до појава на гастритис.

Круши

Растителните влакна од крушите може да влијаат врз желудникот и да предизвикаат непријатност, мачнини и лошо варење.

Ви предлагаме да прочитате: Сок од зелка – природен лек за здрав желудник.

Сподели: