Со цел да ги отстраниме мртвите клетки од површината на кожата, да ја отстраниме нечистотијата и да ги отстраниме митесерите, често посегнуваме по разни купечки пилинзи. Но, пилингот за лице можеме да го направиме и сами, на природен начин и без дополнителни штетни состојки кои може да ја иритираат кожата. Во оваа прилика ќе споделиме со вас како да направите природен и домашен пилинг против акни и мозолчиња.
Мазна кожа без нечистотии и мозолчиња е нешто што е желба на секој од нас. Митесерите се најчеста мака кога станува збор за кожата на лицето. Тие настануваат поради претерано лачење на себум од лојните жлезди, во комбинација со нечистотии и бактерии. Најчесто се појавуваат околу носот, лево и десно, на брадата и челото. Но, не откажувајте се, читајте добро и пробајте, има различни решенија!

Како и зошто делува овој домашен пилинг против акни и мозолчиња?
Медот во состав на овој пилинг има антибактериско дејство и ги чисти затворените пори. Содата бикарбона ги отстранува мртвите клетки од кожата и длабински ги чисти порите, а маслиновото масло ја хидрира.
Состојки:
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1/2 лажичка мед
- 1 лажичка маслиново масло.
Подготовка и начин на употреба:
Сите состојки измешајте ги и нанесете го пилингот на местата каде има митесери. Измасирајте ја кожата со кружни движења и оставете да делува 5-10 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода. Постапката повторувајте ја секој ден и за недела дена ќе забележите разлика. Митесерите и акните прво ќе се смалуваат, а потоа ќе исчезнат и кожата ќе биде многу мека и нахранета.
Ви препорачуваме да прочитате: 3 природни начини за лекување на акни.