Убавата и сјајна кожа е сон на секоја девојка и жена. Редовната нега за миење на лицето, нанесување на крем, помага да се задржи свежината и сјајот на кожата. Но, покрај тоа еднаш неделно се препорачува да правите пилинг за лице, кој има улога за отстранување на мртвите клетки на кожата.
Пилингот е неопходен за нежна и блескава кожа, затоа што со отстранувањето на мртвите клетки им помага на новите клетки побрзо да стигнат до површината. Но, дали знаете дека нема потреба да трошите многу пари и да купувате скапи козметички средства наменети за пилинг на кожата? Природните препарати се ефикасни, евтини и лесно достапни, а резултатите се видливи веднаш и може уште по првиот третман да се забележи освежување на уморната кожа.
Доволни ви се малку мед и шеќер, па домашниот третман може да започне. Медот долго време се користи против стареење на кожата, природно ја навлажнува кожата и ја одржува нејзината свежина.

Состојки:
Подготовка:
- Во мал сад ставете го медот и шеќерот. Мешајте ја смесата со мала лажичка за да се добие хомогена смеса во вид на густа паста. По потреба додајте уште шеќер.
- Лицето измијте го добро. Нанесете мала количина од приготвениот пилинг за лице на влажната кожа со нежно триење, а избегнете ја областа околу очите. Пилингот оставете го да делува за време од 15 минути.
- Потоа, лицето измијте го со млака вода.
По направениот пилинг за лице, ви предлагаме да нанесете маска од куркума против акни, брчки и темни кругови околу очите.