Скоро секој од нас во својот дома одгледува со љубов неколку или повеќе растенија кои го разубавуваат домот. Било да станува збор за зачински и лековити растенија како што многу често се среќава по домовите и за уживање во кујната, или пак тоа се декоративни цвеќиња, од време на време потребна им е прихрана. Па, ако забележите дека куќните растенија ви изумираат, пробајте да ги опоравите со помош на нашиот домашен и природен препарат за растенија.
Поискусните ни кажаа дека помага, а свесни за тоа дека секој од нас може да се најде во ваква ситуација, со задоволство го споделуваме овој природен еликсир за опоравување. Не ви се потребни кој знае какви состојки, напротив, скоро сите редовно ги имаме дома. Еве што е потребно и како се прави.
Потребни состојки:
- кора од 1 банана
- 1 лажица мелено кафе
- лушпа од 1 јајце
- 1 литар топла вода.
Начин на подготовка и употреба:
- Сите состојки ставете ги во блендер и прелијте ги со дел од водата.
- Убаво изблендирајте, а потоа додајте го остатокот од водата и повторно кратко изблендирајте.
- Од течноста, со помош на лажица посипете по лисјата и стеблото на растението, а потоа турете уште малку во земјата. Применувајте го третманот 7-10 дена, растението ќе доживее опоравување.
Ви препорачуваме да прочитате: Лушпи од јајца како природно ѓубриво за растенија.