sprej za osvetluvanje na kosata

Природен спреј за осветлување на косата и побрз раст

Искористете го сонцето, направете го овој природен спреј за осветлување на косата, а воедно забрзајте го нејзиниот раст!

Со мал буџет, вашата коса ќе добие многу светли и топли нијанси и што е најважно ќе остане здрава и сјајна.

Тајните состојки на овој магичен спреј за осветлување на косата се камилица, лимон и рузмарин, а единствено што треба да правите е пред излегување од дома да ја испрскате косата и за неколку дена ќе добиете светли прамени.

спреј за осветлување на косата

Како да направите домашен спреј за осветлување на косата?

Сигурно дома ви се наоѓаат вреќички со чај од камилица, а најверојатно имате и рузмарин кој го користите како зачин. Штом е така, може да започнете со подготовка.

Состојки:

  • 2 вреќички чај од камилица
  • ½ мала лажичка сушени листови од рузмарин
  • 5 мали лажички свежо цеден сок од лимон (за осветлување на косата)
  • 1 чаша вода.

Подготовка:

  1. Водата ставете ја да се вари. Штом водата зоврие во тенџерето ставете ги вреќичките со чај. Оставате ги додека ги приготвувате другите состојки.
  2. Листовите од рузмарин ставете ги во блендер и ситно исечкајте ги. Доколку немате блендер, може рачно да ги исечкате.
  3. Вреќичките извадете ги од чајот и додајте го свежо цедениот сок од лимон. Измешајте и додајте ги листовите од рузмарин.
  4. Растворот ставете го тегла да стои еден ден. Потоа, процедете го и течноста ставете ја во шише со прскалка. Прскајте ја косата еднаш во текот на денот, а најдобро е наутро. Спрејот може да се користи и на сува и на влажна коса.

Совет плус: За најдобри резултати користете го спрејот кога времето е сончево.

Ви предлагаме да прочитате: Спреј од нане и рузмарин за подобар раст на косата.

Сподели: