маска за лице со лимон и мед

Природна маска за лице од лимон и мед

Како резултат на ладното време, ветерот во зима, а сончевите зраци во лето, нечистотијата и неправилната исхрана, лицето претрпува многу непосакувани промени како што се акните, црвенилото, иритацијата, брчките и хиперпигментацијата. Затоа на кожата и е потребна секојдневна нега. Кога сме кај тоа, ви претставуваме природна маска за лице со лимон и мед, која ќе ја освежи кожата на лицето и ќе го подобри нејзиниот изглед.

За да го подобрите изгледот на кожата, многу е важна исхраната. Консумацијата на органско овошје и зеленчук, особено она кое изобилува со витамини А и Ц е може да ви помогне за убав изглед на кожата. За да се поттикне процесот на прочистување на организмот од штетни токсини, потребно е исто така, да се пие и многу вода.

Природна маска за лице од лимон и мед

Природна маска за лице од лимон и мед

Направена од неколку едноставни состојки, оваа маска е право освежување за лицето во домашни услови. На сите им е познато дека, лимоните се природен извор на витамин Ц, па затоа наоѓаат примена во голем број на козметички препарати наменети за белење на флеките на кожата, но исто така и за изедначување на тенот. Медот долго време се користи против стареење на кожата. А млекото е одлично за хидратација на кожата.

Состојки:

  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажица млеко во прав
  • 1 лажица мед
  • неколку капки етерично масло по желба.

Начин на подготовка и употреба:

  1. Сите состојки добро промешајте ги додека добиете густа хомогена смеса.
  2. Оваа маска нанесете ја на чисто лице, оставете ја да делува околу половина час, па исплакнете ја со чиста вода.

Ви предлагаме да прочитате: Маска од круша и мед за убава кожа на лицето.

Сподели: