маска од круша

Маска од круша и мед за убава кожа на лицето

Убавата и сјајна кожа е сон на секоја девојка и жена. Но, дали знаете дека нема потреба да трошите многу пари и да купувате скапи козметички средства? Природните препарати се ефикасни, евтини и лесно достапни, а резултатите се видливи веднаш и може уште по првиот третман да се забележи освежување на уморната кожа.

Домашната маска од круша и мед за лице е едноставна и лесно може да се направи. Состојките кои ги содржат крушите се користат во козметичките средства за намалување на флеките на кожата и црвенилото, а исто така и при иритирана кожа и изгореници предизвикани од сонцето. Медот долго време се користи против стареење на кожата. Рецептот за оваа маска е доволен за едно нанесување на кожата, а ако сакате да го пробате со пријателките, може двојно да ја зголемите количината на состојките. Доколку ви остане од маската може да ја чувате во фрижидер и да ја употребите во период од една недела.

маска од круша

Состојки:

  • 1 зрела круша
  • ½ мала лажичка мед
  • 1 лажица неутрална млечна павлака

Подготовка:

  1. Крушата добро измијте ја и излупете ја. Потоа ситно исечкајте ја и ставете ја во подлабок сад. Со помош на виљушка испасирајте ја крушата за да се добие пире.
  2. Во садот со пасираната круша, додајте ги медот и неутралната павлака и мешајте додека се добие хомогена смеса.
  3. Садот покријте го со пластична фолија и оставете го еден час на собна температура.
  4. Потоа, со помош на четка или чисти прсти нанесете тенок слој од маската на претходно исчистено лице. Оставете ја маската да делува за време од 15 до 20 минути. Маската отстранете ја со ладна вода, а потоа лицето избришете го со чиста крпа.

Сподели: