Времето е поладно, помалку излегуваме на прошетки, а повеќе време ни останува за домашни активности. Па, сега е идеален период за да си посветиме повеќе време за нега на лицето и телото. Ако имате нормална или мрсна кожа на лицето, и малку време пробајте ги третманите за чистење.
Повеќе не мора да трошите пари на скапи препарати и средства за чистење на лицето. Сѐ што ви е потребно за убава и негувана кожа сигурно веќе имате во вашата кујна. И што е најважно, природните третмани се целосно безбедни и нежни за кожата. А, сега ние имаме неколку рецепти за природни третмани за чистење на лицето прилагодени за нормална и мрсна кожа посебно. Па, пронајдете го оној кој најмногу и одговара на вашата кожа и заблескајте со убаво, чисто и негувано лице.

Природно средства за чистење на лице со нормален тип на кожа
Состојки:
- ½ чаша јогурт
- ½ излупена краставица со средна големина
- 5 листови свежо нане.
Подготовка и начин на употреба:
- Сите состојки бленирајте ги со помош на блендер додека добиете паста со кремаста структура.
- Вака подготвената паста со врвовите на прстите втриете ја на лицето и оставете ја да делува околу 5 минути.
- Потоа, исплакнете ја од лицето со топла вода.
Природно средство за чистење на лице со мрсна кожа
Состојки:
- ½ чаша овесни снегулки
- ¼ чаша свежо цеден сок од лимон
- ¼ чаша вода
- ½ лажица мед.
Подготовка и начин на употреба:
- Сите состојки добро изблендирајте ги се додека се изедначат.
- Вака подготвената смеса втријте ја на лицето и оставете ја да делува само 30 секунди.
- Потоа, отстранете ја од лицето така што ќе се измиете со топла вода.
Ви предлагаме да прочитате: 4 начини за природен пилинг на лице во домашни услови.