Редовен здрав појадок е клучен во секоја возраст, а посебно за децата 1

Редовен здрав појадок е клучен во секоја возраст, а посебно за децата

Појадокот е најважен оброк посебно за децата! Редовен здрав појадок е клучен за добар ден, исполнет со енергија и позитивно расположение, чувство на одмореност и смиреност во текот на денот.

Веројатно сте слушале од вашите родители „Појадокот е најважен оброк во денот“, а сега вие сте тие кои го велат тоа на вашите поспани, нетрпеливи или пргави дечиња кои инсистираат „не сум гладен/на“ додека вие се трудите да ги нахраните и да им го отстранете чувството на утрински умор. Дури и ако сте обезбедиле здрав утрински оброк дома, може да биде тешко да ги научите кога се во градинка, на училиште или си играат надвор да изберат исто така здрави алтернативи на ужинки.

Појадокот е одличен начин за постигнување на енергија во денот, па децата кои редовно појадуваат имаат општо подобро здравје и поголема способност за учество во физичките активности, со што се одржува баланс на телесната тежина во здрави граници. Прескокнувањето на појадокот може да предизвика чувство на замор, неуморност или иритантно однесување, зашто на детскиот организам му е потребна нова енергија по 8-12 часовниот сон. Од друга страна, редовната консумација на храна и тоа распоредена во повеќе оброци во денот овозможува правилен метаболизам кај детето, енергија во текот на целиот ден и здрава телесна тежина.

Редовен здрав појадок е клучен во секоја возраст, а посебно за децата 2

Преферирајте детето да има 3 главни оброци кои изобилуваат со балансирана и свежа храна – здрави протеини и незаситени масти, висока содржина на растителни влакна и доволна количина на јаглени хидрати кои доаѓаат од целозрнестите производи. Исто така, добро е да има и 2 ужинки помеѓу оброците кои се препорачува да бидат овошки, посебно во првиот дел од денот, салати, јаткасти плодови и слично. А, за најлесно да може да ја одредите количината на храна која на детето му е потребна и да го научите само да знае, кажете му да ги состави дланките како „грст“ и ќе можете од прилика да знаете колку храна е доволна за неговото желудниче.

Со малку време и внимание, вашите деца ќе растат здрави и среќни! И никако да не заборавиме, она што е добро за нашите деца, сигурно ќе биде добро и за нас, па зошто не би ги примениле овие навики и ние да имаме подобра енергија во денот!?

Ви препорачуваме да прочитате: 10 совети да бидете енергични наутро.

Сподели: