Изгледа прекрасно, а и многу вкусно е. Вака припременото свинско месо со ѓумбир и соја сос ќе остави многумина со силен впечаток на видливо позитивни емоции, а за оној кој го подготвува јадењето тоа е најголема награда!
Ако сакате елегантно јадење кое изобилува со месо и зеленчук, нема да погрешите, оваа комбинација и начин на сервирање е потгполно полн погодок. И благодариме на Кате за одличниов предлог!
Состојки:
- 450 гр свинска кртина
- 2 лажици сенф
- 100 мл црвено вино
- 4 лажици соја сос
- 1 лажица ворчестер сос
- 1 лажица сечкан свеж ѓумбир
- половина страк праз
- 2 лажици сусамово масло
- топла вода по потреба
- масло, сол, црн пипер по потреба.
Други состојки за прилог:
- неколку листови радикио
- малку праз (само зелениот дел)
- варено цвекло
- свеж карфиол
- магдонос
- морков
- 250 гр свежи шампињони.

Подготовка:
- Свинското месо прво исечете го на мали коцки, а потоа посолете го, наросете црн пипер и измешајте го со сенфот.
- Во тава на оган ставете малку масло и додајте го месото.
- Откако ќе се запржи налејте го виното и оставете го на тивок оган додека виното испари.
- Потоа додајте го сусамовото масло, соја сосот, ворчестер сосот, ситно сечканиот ѓумбир и малку вода.
- Оставете го да се готви на средно силен оган и при крај додајте го ситно сечканиот праз. Пржете уште малку, колку празот да омекне.
- Во друга тава на малку маслиново масло испржете ги шампињоните исечени на четвртинки.
- Сервирајте го месото со свежиот зеленчук (радикио, зелен дел од празот, морков, карфиол, магдонос), вареното цвекло и испржените шампињони.
На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Може да ве интересира и рецепт за полнето свинско месо со печурки.