Во сезоната на настинки и грип често слушаме: „Само ме фати некоја настинка.“ Но, зад таа „настинка“ понекогаш се крие нешто многу посериозно – пневмонија, односно воспаление на белите дробови.
Како да ја препознаеме на време? – На оваа тема поразговаравме со д-р Нела Деспотовска.

Настинка, грип или пневмонија? Еве како да ги разликувате
Навременото препознавање и третман се клучни. Еве кои се главните разлики меѓу настинка, грип и пневмонија:
Симптом | Настинка | Грип | Пневмонија
Покачена температура:
Ретка или лесна | Висока (до 39–40°C) | Многу висока, често придружена со треска
Кашлица:
Лесна, сува | Сува, иритирачка | Силна, често со густа жолта/зелена слуз
Болка во градите:
Нема | Понекогаш поради кашлица | Присутна при дишење или кашлање
Отежнато дишење:
Не | Понекогаш | Да, често изразено
Замор и слабост:
Лесен | Изразен | Многу силен, со потешкотии при движење
Траење:
5–7 дена | 7–10 дена | Повеќе од 10 дена или се влошува со време
Кои симптоми укажуваат на пневмонија?
Ако забележите дел од овие симптоми — задолжително консултирајте се со матичниот лекар:
- Температура над 38°C што трае повеќе од 3 дена
- Отежнато или забрзано дишење
- Болка во градите при вдишување или кашлање
- Силна, упорна кашлица (со или без секрет)
- Екстремен замор, потење, треска
- Влошување на состојбата кај хронично болни или постари лица.
Топ 5 додатоци што се препорачуваат во есен и зима

1. Витамин D
Зошто: Недостатокот на витамин D е поврзан со зголемен ризик од респираторни инфекции, вклучувајќи ја и пневмонијата.
Извори: Сончева светлина, масна риба, јајца, суплементи со витамин D.
Препорака: NOW Vitamin D, 1000 – 2000 IU дневно (по совет на лекар, зависно од крвен тест).
2. Витамин C
Зошто: Може да ја зголеми отпорноста на респираторни вируси и бактерии.
Извори: Цитрусно овошје, киви, боровинки, брокула, суплементи.
Препорака: AlphaSorb-C, 500–1000 mg дневно за дополнителна поддршка во зимскиот период.
3. Цинк
Зошто: Цинкот е клучен за функцијата на имуниот систем и за регенерација на ткивата.
Извори: Месо, морски плодови, семки, суплементи.
Препорака: L-OptiZinc, 1 таблета, секој втор ден, со внимание на долготрајна суплементација.
4. Пребиотици и пробиотици
Зошто: Здравата цревна микрофлора ја поддржува имунолошката функција и може да помогне при респираторни инфекции.
Извори: Јогурт, кефир, кисела зелка, суплементи со Lactobacillus и Bifidobacterium.
Препорака: Acidophilus 4×6 за возрасни и BerryDophilus Kids за деца.
5. Омега-3 масни киселини
Зошто: Имаат антиинфламаторно дејство и го поддржуваат здравјето на белите дробови.
Извори: Лосос, скуша, ленено семе, суплементи.
Препорака: NOW Омега-3, како додаток во исхраната, земете 2 капсули 2 пати дневно со храна.
Споменатите додатоци AlphaSorb-C, Vitamin D-3, L-OptiZinc, Omega-3 и Acidophilus 4×6, BerryDophilus Kids – може да ги набавите во сите аптеки, како и онлајн преку vitamini.mk. Онлајн нарачките се со бесплатна достава, директно до вашиот дом, па лесно и практично ќе ги обезбедите сите потребни суплементи за есенско-зимскиот период.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Може да те интересира: Есенски настинки, проблеми со синусите и кашлица? Еве како NAC може да помогне – совети од д-р Нела Деспотовска.
Тектот е овозможен од vitamini.mk
