Сочни мафини со цреши 1

Сочни мафини со цреши

Реализацијата на оваа идеја ни беше многу едноставна, а сигурно знаевме дека ќе биде успешна, бидејќи како основа за рецепт, користевме испробан состав од нашата авторка Невена. И заблагодаруваме за бројните прекрасни рецепти кои ги има споделено со сите нас, а вас ве покануваме на сочни мафини со цреши!

Летото е тука, пазарите се преполни со цреши, да уживаме во нивна свежина и вкус!

Сочни мафини со цреши 2

Состојки:

  • 125 гр омекнат путер
  • 130 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 средно големи јајца
  • 125 мл млеко на собна температура
  • 250 гр брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 неполно лажиче сода бикарбона
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 100-150 г чистени цреши.

Подготовка:

  1. Во калапот за мафини ставете хартиени кошнички.
  2. Брашното измешајте го со печивото и содата, па просејте низ сито.
  3. Путерот пенесто изматете го со шеќерот и ванилиниот шеќер.
  4. Потоа, едно по едно додавајте ги јајцата, така што при секое додавање убаво изматете го претходното за да се соедини со смесата.
  5. Додајте го млекото и брашното со печивото и содата. Изматете да се соедини смесата.
  6. Исклучете го миксерот и додајте го екстрактот од ванила. Убаво измешајте со шпатула.
  7. Наполнете ги корпињат до 2/3 од висината на калапот, а потоа распоредете ги црешите. Дел од нив ќе пропаднат, а дел ќе останат на површина, што ќе им даде одличен изглед. Ставете ги да се печат во претходно загреаната рерна на 180 степени, за време од 20-25 минути. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Здрав колач со цреши.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: