Оваа риба содржи витамин Д, Б3, Б12, омега 3 масни киселини, цинк, магнезиум, фосфор, железо, а ваквиот нејзин состав ѝ обезбедува место помеѓу најздравите намирници во светот. А, одлично е што, покрај бројните придобивки за општото здравје, фантастичниот лосос делува превентивно против ракот на дојка!
Може да ве интересира: 7 намирници за превенција на рак.

Што велат најновите истражувања?
Тие покажуваат дека консумирањето на лосос, барем 2 пати неделно, го намалува ризикот од појава на рак на дојка. Имено, во една кинеска студија, објавена во „British Medical Journal“, било потврдено дека две порции на масна риба неделно, како што е лососот, може да го намали ризикот од рак на дојка.
Масните риби се богати со омега 3 масни киселини. Овие масти се од животинска важност за развојот и одржувањето на мозокот и кардиоваскуларниот систем, а исто така се борат и со разни воспаленија во организмот.
За жал, статистиката покажала дека дури и во развиените земји како што е Велика Британија, 9 од 10 деца и 65% од возрасните скоро никогаш не јадат масна риба. Она што е уште полошо, е фактот што телото не може да ги произведе омега 3 масните киселини. Истражувачите анализирале 26 студии спроведени во Азија, Америка и Европа. Нивното истражување вклучило околу 80 000 учесници вкупно и повеќе од 20 000 од нив, со дијагноза рак на дојка. Резултатите покажале дека барем 0.1 грам дневно добиени омега 3 масни киселини, го намалува ризикот од рак за 5%.
Жените би требало да јадат најмалку 2 оброци на масна риба неделно. Тука спаѓаат харингата, туната, лососот, сардината, скушата, а секоја порција треба да биде околу 140 грама. Белата риба како што е бакалар, е исто така добра, но не е толку богата со омега 3 масни киселини како масните риби. Жените во Азија, најчесто јадат риба, споредено со останатите делови од светот, па ризикот од појава на рак на дојка е најмал кај нив.
Ви препорачуваме да прочитате: 5 вештачки засладувачи и засилувачи за вкус кои го зголемуваат ризикот од рак.